Повторно зависи колку ќе аплицираат, на минатиот конкурс доделија и со 8.6 просек за да ја исполнат квотата.
Да не знаете со колкав просек бил лани последниот што земал стипендија од втора група за општествените науки? Или каде би можела да побарам?
Здраво. Дали знаете покачувањето на стипендии дали важи и за студенти кои треба да ја продолжат истата? Или само за тие што прв пат аплицираат?
МОН оваа година подраниле со објавување на конкурсите за ученички и студентски стипендии за учебната 2021/2022 https://mon.gov.mk/content/?id=4184 https://mon.gov.mk/content/?id=4182
Здраво, дали може да аплицираш за стипендии од две групи, пример за социјална и за успех и дали може да бидеш изберен и во двете? Благодарам
Може да аплицираш и во двете ама не може да бидеш избрана за двете , само една. Ќе ги подредиш под приоритет ама оваа година се изедначени сите така да сеедно ти е каде ќе аплицираш , секако подобро е во социјалната бидејќи има повеќе места но види прво пошто и јас сум дете на самохран родител но примањата не ми се баш ко за тие ептен социјални случаи па така не ризикувам да аплицирам таму , ќе си аплицирам во втора или трета група.
Јас никаде не видов за продолжување на стипендии. Дали може да ми пратеш линк? Дали некој знае како да пресметаме тоа со платите и процентите од просечната нето плата за социјалната стипендија??
Здраво, дали покачувањето на 6050 ден. важи и за оние кои веќе земаме стипендија т.е ќе ја продолжуваме сега или ќе треба повторно да аплицираме? Фала ви однапред
Студенти на општествени зеле со просек 8,6? Во конкурс седи 8,5 за медицински науки и технички науки, а за општествени е 9,0. До 30ти октомври е Треба да е за продолжените инаку нема смисла
Здраво Имам 2 прашања во врска со конкурсот за стипендии. Таму пишува дека не смее да сме корисници на други стипендии. Дали има тоа врска некаква со "субвенциониран оброк". Знам дека тоа не е стипендија, но прв пат конкурирам и збунета сум. Исто така ме интетесира дали има некаква врска со тоа по кој пат си го полагал испитот, или важен е само просекот и бројот на положени испити. Доколу некој може да ми одговори би Ви била благодарна. Поздрав
Нема проблем за субвенционираниот оброк. Исто, не е важно колку пати полагаш некој испит, треба да ги имаш само потребниот просек и број на положени испити.