Завршив втора година и ме интересира следново, дали треба да имам положени 80% испити од секоја година (80% од прва и 80% од втора) или вкупно од сите испити треба да се 80% положени? Едната година ми е целосно чиста, ама од другата имам само 70% положено и не знам дали смеам да аплицирам.
За социјална стипендија дали ако сме зеле минатите години пак треба да носиме некаква потврда за плата?
Za prodlozvuvanje stipeendii kako odi sega? Isto kako i prviot pat so apliciravme istite dokumenti se? Samo gi racunas ocenkite od godinata?
За стипендии имаме право да аплицираме дури во втора година така? Инаку пишуваше тие што се на хемија, физика и математика немаат право на субвенциониран оброк, дали може ние во прва година да аплицираме за субвенциониран оброк, а во втора да се откажеме од него и да си аплицираме за стипендија?
Здраво, негде по коментариве прочитав дека конкурсите за стипендии (наменети за студенти кои првпат аплицираат) излегуваат крај на октомври - почеток на ноември, па би сакала да прашам што е со овој конкурс за кој сите пишуваат? (видете го линкот) На државен универзитет сум и имам просек, но стварно сум збунета бидејќи не знам кога да аплицирам. Сега или во октомври? https://www.fakulteti.mk/news/04082..._YAZRuoQNFjXqZAropwZ7wKEx0TYFGVoAJXIuTjvWXrAQ
Годинава ептен подранија Пишува во конкурсот дека пријавувањето е од 01.10 до 15.10, така што тогаш ќе аплицираш.
Вакво нешто првично не кажаа, на крај ќе испадне на никој да не дадат ни субвенциониран оброк. Аххх само лагии, лагии, лагии, до кога ќе се трпи оваа влада јас не знам.
Не само за тие што зимаат стипендија од 18000 илјади денари( на УКИМ тие е ПМФ смеровите хемија,физика и математика) бидејќи ја надминуваат минималната плата, за тие со социјална и успех стипендија неважи бидејќи е 6050 денари. https://mon.gov.mk/content/?id=4180 Тука може да прочитате најчесто поставувани прашања за субвенциониран студентски оброк. Да првата година сите што немаат примања по било каков основ над 15000(минимална плата) може да аплицираат, додека во втора тие со стипендија 18000 немаат право на студентски оброк а тие со помали стипендии можат уште да користат,бар така е наведено на 10 -то прашање од линкот што го пуштив.
Веќе имаат одговорено, истото и јас го прочитав, ми нема логика стипендијата да има врска со ова ама ете...
Добар ден дечки, не бев тука периодов па не знам баш точно што се случува, видов дека искочиле конкурсите за продолжување нели е рано тоа од октомври или грешка сум? И сега дека се зголеми стипендијата треба само да ја продолжиме како што правевме а не од ново да аплицираме, така?