Не. Сигурно имаш картичка за тековна сметка. Ако немаш, оди во банката, ќе ти дадат документ, тој ќе го скенираш.
Може но доколку ја пишува сметката под името , бидејќи не даваат сите таква пластифицирана картица. Им пишав мејл и ми одговорија дека не е проблем.
Може. Јас лани за стипендија така прикачив. И за студентски дом кога ни рефундираа пари исто така. Не би требало да е сега проблем, штом не беше до сега.
Дали гледаат број на кредити да е исто 80% од вкупните или само бројот на положени предмети е важен? Дека 80% положено имам ама имам останати предмети со повеќе кредити што допрва ќе ги полагам.
Мислам дека се внесуваа и бројот на кредити при апликација ама да не беше услов само за предметите 80%. Не сум сигурна.
Можеби е прашано и претходно, ама немам читано, ме интересира дали покачувањето ќе важи и за нас кои ќе продолжиме стипендија? Или во тој случај ќе мора да аплицираме од почеток за да имаме шанса за повисока стипендија?
Јас се јавив во МОН на еден од тел.броеви кои беа оставени во конкурсот за продолжување стипендии. Ми беше кажано дека покачувањето НЕМА да важи за оние кои продолжуваат. Само доколку се откажеме од стипендијата и наново конкурираме може да ја земеме покачената стипендија. Со тоа што ризикот да воопшто не ти доделат е голем со оглед на лимитираниот број стипендии, а и големиот број студенти кои се со намера да се откажат за да конкурираат повторно. Што се однесува до мене јас ќе ја продолжам . Поздрав
Малку ми нема логика ова? Ако е така сите што ќе се откажат и ќе аплицираат пак имаат предност бидејќи се во повисока година од тие што сме пониска година и нормално ако имаат просек ќе си земат пак а ќе ги зафатат местата на тие што прв пат аплицираат сега... глупости. Треба и на тие што ја продолжуваат да им биде зголемена.
Imas pravo ,pisav mail mi odgovorija deka vazi samo za novite aplikanti ne mi se veruva kakva glupost
Почитуванa, Согласно информацијата која МОН ја сподели со јавноста, зголемените износи на одредени категории на ученички и студентски стипендии, се однесуваат за идните апликанти, односно нови корисници на стипендија. Додека, на сите актуелни корисници исплатата ќе продолжи да им се реализира согласно договорот за стипендија кој го имаат потпишано со МОН во некоја од изминатите учебни/академски години. Со почит Ova mi go pisaq
Само што може и обратно да биде, ние постарите што продолжуваме да останеме без стипендии ако аплицираме одново. Погоре читам повисоките години имаат предност, менува нешто улога тоа или? Пошто на крај вреднувањето си е според просекот или во социјалните групи според поени за невработени родители итн.
Не менува годината, но ако јас имам повеќе поени од некој нов студент ќе му ја земам стипендијата што би му следувала редовно. И обратно е можно како што напиша ти. Во секој случај ќе има оштетени и треба убаво да се размисли дали вреди да се аплицира повторно.
Требаше на сите да ни следува покачувањето без разлика дали прв пат аплицираме или продолжуваме, очигледно за се што можеме да искористиме како студенти мора да плаќаме цена
Мене не ми се ризикува и овие пари да ги изгубам, што ако после останам без ништо од многу алчност . Просекот ми е драстично намален од тогаш кога аплицирав и земав првпат стипендија и решив да си ја продолжам старата стипендија. Многу нелогично и навистина глупаво, а не е фер ни кон новите студенти. Никаде не пишуваше дека ќе биде вака на страната на МОН, вчера дознав од колеги на факултет, голем дел ќе аплицираат за поголема сума, ќе биде баш голема конкуренција годинава.