Мислам дека МОН не би дозволиле да се откажат од старата и пак да аплицираат за нова. Ако сите така направиме, три генерации да аплицираат одново, огромен број нема воопшто да земат зашто ќе треба да имаат бааги повисок просек. Зарем се будали и тие што до сега ги земале да ризикуваат да не ги земат?
На мојов факултет 6 години што е ако се откажат многу, ќе биде највеќе штета за тие што се сега прва година. Не знам искрено, но повеќето се со план да се откажат и да ја земат повисоката. Бар така се збори.
Јас не би. Плус, ми личи на дезинформација. Може некој сака студентите да се откажат од старата стипендија, за нова ќе земе многу помал број студенти и МОН нема да се потроши многу.
Менува годината и те како , доколку се пријават 10 кандидати со ист просек пример 8,5 тие што се во поголемите години имаат предност ама ова ќе ми нема логика ако сите се откажат и наново конкурираат што ќе биде тоа хаос и на крај со прстите во уста ќе останат сите...
Па тоа е поентата се знаеше дека ке има некоја глупост решиле ке ги покачат и ајде викаат бар да преполовиме студенти на кои ке им даваме толку пари да не им дојде многу... не знам зошто за ова не се реагира од страна на универзитетското собрание бидејки не е фер ако веќе вака е планирано тогаш треба да се зголеми бројот на студенти што ке примат стипендија годинава
Ми пишаа од МОН дека за да ја земам повисоката сума треба повторно да аплицирам. Инаку ќе си ја зимам помалата сума за која имам потпишано договор. Се двоумам.
Ги прашав раководителите на УСС на УКИМ и ми одговорија дека доколку некој од поголемите години се откаже и наново аплицира , НЕМА предност пред тие што прв пат аплицираат. Тоа било само така доколку тој прв пат аплицира и е поголема година (во тој случај има предност). Искрено хаос ќе биде оваа година но што е тоа е.
Се брои, си стои во програмата како предмет и го има на уверението за положени предмети. Само таму пишува дека е реализиран.
На наш факултет ништо не внесуваат во iknow за спорт, затоа ни во уверение го немаме воопшто. Некој од медицински да каже нешто за предметов?
Дали може да се аплицира за социјална стипендија доколку родителите не се вработени, но не се водат ни како социјални случаи?
Да. Социјалната стипендија не е само за социјални случаи, туку и ако во семејството родителите се со ниски примања.
А би била ли во ред документацијата, бидејќи се бараат мислам примања од последните три месеци и ќе биде без примања бидејќи веќе подолго време не се вработени? Ти благодарам
Ако не се вработени од каде ќе извадиш потврда за последни три месеци ? Од Завод за вработување ќе ти дадат потврда дека се пријавени таму.
Глупости, излегува дека нашиот труд не се цени, туку само на оние кои допрва аплицираат.По кој основ за иста работа ќе земаме различни стипендии. Ништо ново од нашата власт. Дискриминација врз дискриминација
Знам, јас ќе бидам сега втора година , прв пат ќе аплицирам и искрено ова е крајно дискриминаторска мерка ама против нашата влада ништо не се може. Не знам како ќе се одвива ова стварно.
Зошто од УСС не реагираа за ваквата одлука? Чисто ме интересира уште колку работи вака ќе се протнат без “јавно” да се знае, туку некој треба да пиши мејлови или од рекла-казала муабети! До кога е рокот за аплицирање за новите стипендии?
УСС треба да реагира. Плус да не прашаше некој немаше да знаеме, ќе си продолжевме и ќе си земавме помала сума, ќе се чудевме на сметката. Рок до 15ти октомври.