Сакам да прашам дали некој бил во ваква ситуација. Дали може да се продолжи стипендија со исполнет услов за просек и процент на положени предмети, но со еден презапишан предмет? Ви благодарам.
Ме интересира за стипендијата од Алкалоид колкав просек е потребен? Исто така, ако се аплицира за таа ќе мора да се откаже истовремено и оваа другава од мон, така?
За просекот не сум сигурен, јас кога аплицирав требаше 8,5, инаку не треба да се откажува државната(втора група), јас и двете ги земам.
Јас како шо разбрав тоа се однесува на ‘корисник на повеќе од една државна стипендија’, а не било која друга, бидејќи МОН нема увид во мојата трансакциска барем според договорот. Неколку колеги шо сме блиски, ги земаме двете стипендии.
Просек над 7.5, секако колку повисок толку подобро бидејќи во една генерација доделуваат само 10 стипендии и конкуренцијата е голема.
Ова значи дека тие што ја продолжуваме стипендијата ќе си земаме 4,400... а новите што аплицирале ќе си земаат 6,050.
Да, за жал. Дискутиравме за ова неколку страни наназад, за повисоката стипендија ќе треба да аплицираш на новиот конкурс со ризик да ја изгубиш стипендијата шо веќе ја земаш бидејќи треба да се откажиш од неа во моментот на аплицирање за новата.
Би сакала да Ве прашам за мислење. Имам 9,36 просек, оваа година ја земав стипендијата шо е 8,5, ама сега сакам да го раскинам договорот и да конкурирам отпочеток за да земам 6050. Е сега, во дилема сум дали да конкурирам во групата со 7,00 просек кај шо треба или во 8,5 повторно во старата. Пошо претпоставувам дека и други колеги ќе ги раскинат договорите, не знам колку има со повисок просек од мојот, па што мислите дали имам шанси за во категорија 8,5 или да конкурирам во таа со 7,00?
Според мене просекот ти е висок и имаш големи шанси за во групата со просек над 8,5. Кога веќе сумата е иста за сите групи, аплицирај си и за двете групи, па во која ќе влезеш во таа.
Мене ми е страв да не случајно и во 8,5 и 7,00 има многу студенти со повисок просек од мојот, па да не се случи да не земам воопшто стипендија. Некако ризик е....
Ако за тебе е ризик со 9.3 просек што да кажат студенти со 7-8 просек што првпат ќе аплицираат? Еве братучетка ми прва година е и со 8.00 просек аплицира за таа над 7.00. Не ве окривувам вас, секако секој за себе си гледа, но од МОН направија деца што првпат треба да си земат стипендија да не успеат да имаат шанса воопшто. Лани со 7.8 земаа, годинава којзнае што ќе биде. Се надевам ќе прошират бројка, многу ми е жал за тие што сега се прва и тие пари колку толку ќе им олеснеа ако земаа стипендија... Но, тоа е што е.
На ова требаше да си мисли мон кога реши сите групи иста стипендија да земаат. Јас за овој просек сум се мачела, сум учела, две години по ред на одмор неам отидено од шо оставам предмет за август и на крај некој со 7,5 просек ќе зема 6000, а за мене 4400? Со почит до студентите кои не бркаат просек, ама ова е деградирачки за оние кои сме се труделе за да добиеме поубави оценки, плус на факултет кај што границата за положување не е 50%, туку 60%. Едноставно не е фер.
Друг ми беше муабетот, бесмислено е со 9.3 воопшто да се секираш кога и самата знаеш лани дека на листите доста слабо имаше со 9 просек студенти, колку и да аплицираат пак нема да се во преголема бројка. Немаш гајле, сигурно добиваш стипендија. Просекот на студенти во државата е студенти што имаат околу 8 просек, едноставно немаш ризик во твојата ситуација. И намалете малку со God комплексот, во ред е, ете нема со 7.5 просек да ви ги земат на вас со 9 просек стипендиите студенти што имале 50% граница за пролаз и нема ни 6000 денари да земат, спијте мирно.
Во ваква држава која на ваков начин размислува не ни можеме да спиеме мирно и овие со 9 и овие со 7Затоа сме таму кај што сме т.е. никаде.
Ова се однесува на сите групи? Јас сум сигурен дека сите шо земаме од Алкалоид паралелно земаме и државна не сум слушнал некој да се откажал од неа.