Дечки имам прашање. Неколку пати е спомнато ама сепак не го разбирам нештово. Втора година завршувам на факс од прва ми се сите положени и земав стипендија втора група. Во втора имам еден неположен. Што значи повеќе од 90% ми се положени бидејќи се смета за двете години т.е за целото студирање до моментот во кој аплицираш. Не сфаќам како се смета успехот? Дали се смета сега само од втора година или се смета на двете години заедно? Освен тоа дали се дели со сите запишани предмети (и оној што е неположен) или пак само на тие кои се положени? Ако знае некој да ми каже како да го пресметам плизз
За продолжување на стипендија, има ли некои документи кои треба да се печатат и носат во студентски за пополнување или таму ги даваат сите документи? Бидејќи на линкот од МОН нема прикачено документи, само текстуално пишува. И дали продолжувањето е цел октомври?
Во студентски ги даваат сите три документи за продолжување. Лани имаше и УППИ образец кој гледам за оваа година не го бараат и немаат прикачено за 2021/2022 година. Ако се бара и го објават, тогаш тој плус го пополнуваш и го носиш во студентски за потпис. Продолжувањето е цел октомври.
Се знае дали ќе има промени во однос на висината на стипендијата за тие шо продолжуваат? Баш ме интересира дали УСС нешто ќе успеат да направат или можеби ќе има петиција…
УППИ образец, потврда за редовен студент, уверени за положени предмети и индексот со тебе може за увид да ти го побараат
Имаш положено 90%, се смета од сите години, во случајот кај тебе двете. Успехот е исто од сите години. Се дели само со положените Ги собираш оценките од сите положени и ги делиш со бројот на положени
Дали е точно дека првите 10 студенти од ранг-листите се ослободени од партиципација за првата година на УКИМ?
Со 11 положени испити од 14 и просек 7.8 дали има шанси за стипендија од трета група?Иначе се работи за прв пат
Има шанси ама се зависи како ќе се одвиваат работиве годинава. Лани баш гледав последниот бил со 7,6 од трета група. Ама оваа година и овие што веќе земаат стиендија ако се откажуваат за да аплицираат повторно за зголемените стипендии не знам ни како ќе биде искрено и дали некој воопшто ќе земе. Јас имам просек 9,00 или 8,93 (не знам се уште што ми е една оценка) и искрено ќе аплицирам прво за трета па после ќе ја ставам втора иако просекот ми е над 8,50. Годинава хаос ќе биде.
Да, а овие што се откажуваат за поголема стипендија на крај ако има слободни места ќе бидат земени во предвид.