Ако може да ми објасните што значи копија од заверен индекс. Дали треба сите страни да се копираат од индексот со сите предмети или..?
Да може и за две групи, рангираат само во една Само за тие првпат Да, го пополнуваш, го носиш на факултет и го потпишува продекан
Значи, сепак се одлучија да ги поделат студентите... Ах, за џабе се радувавме претходно. Се разбира дека се радувам што ќе ги покачат на новите апликанти и баш ми е драго. Но, добро ќе беше на сите да ги покачеа......Без вакви манипулаторски дискриминации и драми,
Здраво сакам да прашам ако некој знае да ми одговори. Мојте родители не се вработени, дали треба некој документ да приложам?
Здраво дечки, земам стипендија од приватна фондација и по правило знам дека не можам да земам уште една, но сакам да прашам пример ако аплицирам сега за оваа државнава, дали толку се замараат да прегледуваат дали користиме друга стипендија. Да си ја испробам среќата или воопшто да не се замарам со прибирање документи?
Мислам дека зависи од факултетот, кај мене од 7.00 почнуваат стипендиите, ама знам дека на некои факултети не е така..
А може ли стипендија да се земе со 6,67 на факултет каде што има 9 предмети годишно? Дека не сум сигурна, ми кажа колешка дека можело ако е со 9 предмети годината.
А кај ја најде електронската апликација? На е услуги ги пишува по групи, ама тоа ваљда е за првпат аплицирање, нема посебна апликација за продолжени стипендии.
Кој дел од индексот треба да се скенира и да се прикачи во апликацијата? Нас ќе ни ги земат индексите на упис и нема да можам да го скенирам делот со заверен и запишан семестар во тој случај
Не не следува за септември оброк, од октомври до јуни за 9месеци во академската годината. Ве молам да не ширете неточни информации.
Здраво, би сакала да ве прашам во врска со продолжувањето на стипендијата нели треба да имаме положено 80% од предметите, дали има врска дали се редовни или изборни предмети? Пример 80% од 30 предмети се 24 положени предмети дали има врска ако 22 се редовни и 2 изборни? Веројатно се смета дека го исполнуваме условот така?