Здраво дечки! Да ве прашам во уппи образецот, во делот втора година дали треба да се напише само бројот на предметите и кредитите од втора година или вкупниот број на предмети и кредити од прва и втора заедно? Односно дали треба да пишеме пример 8 предмети колку што сме имале во втора или 16 предмети заедно со предметите од прва година? Ви благодарам однапред.
Сигурно ли не треба да се аплицира и електронски ако носиш документи во МОН? Бидејќи на евидентниот лист најгоре пишува да го напишеш ид-то од електронската пријава.
Дали може електронски да пријавам стипендија за 2 групи? Бидејќи огласите за секоја група се посебно поставени.
Не се исти. Уверение за положени испити го земаш од студентски на факс, а УППИ го спушташ од самиот конкурс, го пополнуваш и го носиш на заверка на студентски.
А за уверениево треба некоја молба како за редовен студент или веднаш ти го даваат? Конкретно за медицински факултет прашувам
Од документите кои ти се потребни ти треба потврда за редовен студент, уверение и УППИ.Првите две ги земаш на факс, ги пополнуваш и заедно со УППИ образецот ги носиш на факултет. Треба да платиш 500 ден. за уверението и 50 ден. административна такса. Значи на студентски одиш со две уплатници, три документи и индекс.
Кој е консензусот во однос на УППИ и уверение за положени испити, за тие шо продолжуваат стипендии? Зборувам за онлајн аплицирањето. Има само еден слот за прикачување и малку е конфузно…
Дали бил некој да продолжува стипендија во Мон, со тоа што ги нема сите оцени во индекс (а во уверението ги има) и дали му правеле проблем ?
Каде што пишува уверение/ потврда за предвидени и положени испити има хиперлинк кој го спушта УППИ образецот. Најверојатно на истото се однесува. https://mon.gov.mk/content/?id=4128
*Просечниот успех во Образецот “УППИ” и Уверението со положените испити да биде идентичен ** Образецот “УППИ” го потпишува вработен со надлежност или со овластување од деканот на соодветниот факултет и истиот да биде заверен со архивски број и датум Вака пишува најдолу на УППИ. Што значи дека не е исто.. Не знам.. Збунувачки ми е ептен