Има ли шанси ако утре некој поднесе документи за првпат да му прифатат? Другарче дури сега сака да аплицира.
За медицински за стипендија треба 80% или 90% да се испирите положени, ја имам од од 14 положено 12 испити
Да.Минатата година овој месец имаше.Пред некој ден бев во МОН и од сигурни извори знам дека веќе се готови резултатите.Ќе ги објават каде и да е.
Нели пишуваше дека на 15.11 ќе има резултати? Можно е да има и порано? Иначе дали ако се вработам автоматски ја губам стипендијата? Не видов да пишува такво нешто за стипендииве, само за студентскиот оброк, па не сум баш сигурна.
Да, можно е порано да ги објават резултатите. Можеш да си вработена и да земаш стипендија, ама од таа со успех.За социјалната стипендија не смее да си во работен однос.
Зависи за која група аплицираш, ако е за втора група треба да имаш просек над 8,5 и 90% положени, а за трета група просек над 7 и 80% положени. Може, ограничен број на места се, ако некој има повисок просек од тебе или ако некој е посоцијален случај од тебе според оценувањето, тој има предност пред тебе.
Има ли врска колку пари имаш на сметка па да ти ја прекинат? Збориме за продолжување оваа година И дали на некој му се има десено оној меил од Мерсин Коси мислам да бара пак документи на меил иако предходно се уредно прикачени. Не враќаат на меил.
Денес отворив на еуслуги и гледам последна промена на апликацијата за продолжување стипендија ми пишува 5.11, а јас немам ништо отварано и менувано.Има и кај некој друг вака?