И мене ми го кажаа истото дека воопшто ме нема во системот, иако ми стои валидна апликација и статус прифатено. Ќе мора утре да одиме во МОН и пак да поднесеме документи.
Има некој начин како да бидам сигурна дека се стигнати документите и дека се во ред? По пошта ги праќав од друг град.
Дали има некој кој што ги исполнува условите му пишува валидно на МОН а е одбиен инаку бев во МОН ми побараа матичен број рекоа ќе ме контактираат но 3 дена веќе ништо , дали постои друго решение П.С не ми креваат на телефон ниту враќаат на маил .
И мене ништо не ми одговорија за приговорот. Катастрофа се овие од МОН. Ние студентите во државата сме најмногу оштетени.
Па мене вчера ми вратија после 3 дена испраќање мејлови и ѕвонење на секои 2 минути оти не креваат телефон. Ми рекоа до денес да се однеси уппи образец. Катастрофа се, сѐ ќе испратиш и пак ќе те вратат. Јас ова нигде го немам видено, а за жал не сме само ние, тешко на тој што ќе си фати работа со институции.
Како се праќа приговор? Јас им пратив пораки ама без никаков повратен одговор сум. Дали е тоа преку порака да им испратиш или подруго ?
Исто и мене не ми враќаат на пораки, ниту имам некаков одговор зошто сум одбиена. Викаат просекот дека не ми бил над 8.5 некои што земале стипендија, но сепак барем да дадеа образложение од мон.
Знаете ли како можам да поднесам приговор без да ми пратат решение? бидејќи решениево очигледно никогаш нема да стигне.. каде да се обратам??
Од одбиените дали некој има некаква повратна информација од МОН ( повик , порака ) или случајот така ќе си остане без никаков одговор зошто сме одбиени а ги исполнуваме критериумите …
Јавувајте се упорно, јас денеска успеав да ги добијам и ми рекоа дека новите документи што ги поднесов за продолжување стипендија се во ред ама не знаат кога ќе има исплата за тие што надвор од рок пак доставувавме документи.