Не се укинува, се додека имаш положено 80% од предвидените предмети и соодветен просек во зависност од која група земаш стипендија.
Само што ми исплатија уште една рата од стипендијата. Доби некој друг? Да не е грешка некоја, се зачудив како олку набрзо ја пуштија.
Секој месец ќе ја пуштаат одприлика овој датум или како ќе им текне? Прв пат добивам, не знам како ја исплаќаат.
Дечки има стипендија за новоаплицираните што досега немаше, за 4 месеци пуштија 24 200 пред некои 10 минути.
Дали има некој што сеуште не добил одговор зошто е одбиен за стипендија? Пишував и мејлови и приговори ама се џабе, одговор никаков не добив...
Итно ми е ако знае некој, лани бев апсолвент и земав стипендија, оваа година пак ја продолжив и ми ги одобрија документите во мон на шалтер. Кога не ми стигна никакво решение или пари на сметка им пишав на email и ми кажаа дека не ми следува стипендија оваа година? Не ми е јасно зошто тогаш документите ми беа прифатени и нели процесот е од втора година земаш од успех за прва, од трета за втора и така на така? п.с положени ми се испитите само немам дипломирано