Здраво, дали можам да се пријавам за стипендија со пополнет индекс со оцените од прва и втора година, но нецелосно пополнет iKnow?
И дали просекот за стипендија се гледа од сите години или само од претходната (во мојот случај 2-ра)?
Здраво. Треба да продолжам стипендија но бидејќи прв пат продолжувам не знам кога е рокот како што..? Поискусни?
Рокот е до 30ти октомври, се носи потврда за редовен студент (од новиот семестар што ќе го запишуваш), уверение за положени испити, уппи образец, евентуално може да побараат индекс на увид. Лани можеше и онлајн да се продолжи и со носење на документите таму, по твој избор како ти е полесно.
Ако сеуште немаш дипломирано т.е уште еден испит ти останува за јануари и немаш презапишано година дали може да си ја продолжиш стипендијата или веќе не следува?
Здраво дечки, колку што можев да видам се бараат и во iknow оценките и индекс, мене ми фалат некои. Професорите ги нема никаде, не можеме да стапиме никој од колегите во контакт со нив и известени се скоро сите на факултетот и не преземаат ништо. Каде би можеле да се обратиме?
Во iknow ти се најважни оценките дека уверението за положени испити од тука го вадат, во индекс не е важно. Доколку имате проблем и не ви ги внесуваат, факултетскито студентско собрание на вашиот факултет треба да се заангажира и да го реши проблемот.
Во некој од конкурсите имам прочитано дека доколку бројот на предмети не е 10 ( па да важи 8 предмети положени) 80% се рачуна како 2 предмети помалце од вкупниот број, или во твој случај 11.
Дали аплицирањето ќе е електронски или преку општина и дали ќе се прифати стипендијата ако повторувам втора година ?