Јас сум на технички факултет, положени ми се 9 предмети, можам да аплицирам за стипендија со просек 7,5?
Имам две прашања, пошто сум бруцош и не знам како оди ова... Дали ние шо сме 1ва година имаме право на стипендија.....и ако да како да аплицирам односно до кога се роковите и цела таа процедура.. И друго, ког аи како треба да аплицирам за субвенциониран студенски оброк?
1.Немаш право на стипендија во прва година тек после прва значи од втора натака. 2.Субвенциониран студентски оброк годинава можеби и ќе нема,никој не може да даде одговор на ова прашање.
Има ли ново инфо во однос на исплата на разликата во стипендиите за оние кои земаа пониски стипендии лани?
Не, им пишав меил и дали планираат да ја покачат за нас што лани одбија да ни ја покачат сеа да видиме што ке речат ама не верувам
https://meta.mk/studentite-shto-koristat-stipendii-od-utre-kje-mozhat-da-gi-prodolzhat-istite/Го видовте ова ? Од утре можело да се аплицира за продолжување на стипендија ама каде треба да се најде уппи образец?
И друга работа пишува дека ова важи само за тие што ќе аплицираат за пониска цена, дали тоа значи дека треба одново да аплицираме за повисока ?
Јас читав на студентарија дека постигнат бил договор со МОН за исплаќање на разликата и изедначување на стипендиите, али се чекало да помине предлогот на владина седница.
да и ја ама не им верувам штом ништо не спомнаа денес во објавата за продолжување дека ке има покачување
Работи сајтот на МОН, само оди на advanced, па на тоа unsafe. Не е најбезбеден сајтот, ама функционира. Или пак ако го има некој УППИ образецот од лани, нека ти го прати документот и само смени ги податоците и тоа е тоа
Дали ако на апликацијата на мон е услуги ми пишува дека ми е валидна и прифатена тоа значи дека сум добила она што сум барала? Бруцош сум и ич не ми е јасна странава, а и државава
А дали можам да аплицирам за продолжување ако една година прифатени ми биле и сум добивала а една година не сум добивала?