Најдобро во МОН да прашаш директно, дека сепак техничка грешка од нивна страна е. Автоматски е прекината Опционално е, инаку сите страни од прва до последна се скенираат
КОЛЕГИ ДАЛИ НА НЕКОЈ ИМ СЕ СМЕНА СТАТУСОТ НА АПЛИКАЦИЈАТА ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈАТА? пр. Да ви пишува прифатено.
Мене лично не. Претпоставувам следна недела или за две недели ќе се смени статусот. Сепак многу апликации се, а тукушто заврши конкурсот за продолжување, им треба време. .
За оние што продолжуваат стипендија кога да очекуваме? Како лани да пуштаат секој месец, од декември натака или пак наеднаш како што било претходните години. Кажаа нешто за тоа?
Отидов малку поназад во темава и видов дека минатата година, како што кажуваат форумџиките, на тие што продолжиле, им стигнале првите 2 рати (окт. + ноем.) на 22-ри ноември или ден подоцна. Јас искрено се надевам за 2 недели да ни пуштат. Ако има некој од сигурно инфо нека каже како стојат работите.
Дечки здраво. Дали некој знае со сигурност ако се вработам на половина работно време т.е. на 4 часа, дали би ми ја укинале стипендијата? Истата ја земам врз основа на успех, значи втора група. Можеби на претходните страници од темава веќе има одговор, но не можев да најдам. Ви благодарам однапред на сите што ке ми одговорите!
А од каде и како би знаеле? И јас мислам дека нема да ти укинат ако не ги добиваш на картичка парите.
Колку што можев да видам сеуште нема конкурси за стипендии на страна на МОН за сите кои аплицираат прв пат.
Здраво, каде освен во МОН може да се аплицира за стипендија, како мукаетов што имаат конкурс дали и некои други организации имаат?
На кој факултет си? Имаше еден конкурс од Окта за одредени смерови. Не знам дали има уште рок за аплицирање или завршил.