Мислам најдобро да си прашате јас аплицирав на 29ти октомври и ми пишува прифатено и сите колеги што ги прашав пишува прифатено, проверете да не имате некоја грешка при аплицирање
Јас кога аплицирав за трета група имаше само опција за научните подрачја (математика, физика, хемија) и ја одбрав таа, иако сум во групата на природно-математички подрачја. Сега гледам дека ја додале и мојата група. Апликацијата не ми е уште прифатена, дали може ова да е проблемот? Да им пишам на меил дали би виделе воопшто?
И кај мене уште стои успешно поднесена апликација. Сметам дека да ме одбиле, ќе пишува одбиено. Јас аплицирав на 23ти октомври.
Дечки полека јас до вчера имав успешно поднесена апликација а денес пишува прифатено а аплицирав на 26.10. Ќе бидат прегледани на сите.
Што се случи, им пиша ли, ја промени ли групата? Јас не ја променив и сега паничам да не ми направат проблем ради тоа.
Дечки зошто кога кликам прегледај ми излегува вака а кога кликам преземи се е океј. Да не е нешто збрка станато?
Ако си во можност, пробај и од лаптоп да видиш дали исто ќе ти појавува. Мислам и мене вака ми правеше од телефон.
Да видов и од лаптоп во ред е. И денес си стои успешно не ми е прифатено, дали кај некој од вас се смена?
дали некому од вчера до денес му се смени статусот? лани имав проблем кога поднесував прв пат, па затоа сега паничам да не се случи нешто пак и оваа година.
Кога бев таму ми кажаа да ја избришам таа и да аплицирам наново па така и направив. Ми кажаа или да ја избришам или да оставам така па најверојатно немало да има проблем пошто по матичен ги барале. Ама не знам за сигурно да ти кажам.
Јас сега проверив кај статус пишуваше прифатено, после 5 минути ми се смени во успешно поднесена апликација