Студентски стипендии

Discussion in 'Образование' started by Em4ence, Feb 25, 2010.

  1. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Joined:
    Nov 19, 2014
    Messages:
    2,428
    Likes Received:
    9,688
    Gender:
    Female
    А до кога е рокот да не известат? До кога најдоцна треба да пишува прифатено кај сите?
     
  2. A_K

    A_K Истакнат член

    Joined:
    Dec 14, 2021
    Messages:
    29
    Likes Received:
    9
    Gender:
    Male
    Дечки Ви се смени статусот на сите?
     
  3. dea.18

    dea.18 Популарен член

    Joined:
    Jul 7, 2021
    Messages:
    850
    Likes Received:
    2,356
    Gender:
    Female
    Јок.:worried:
     
  4. in123

    in123 Активен член

    Joined:
    Mar 25, 2021
    Messages:
    63
    Likes Received:
    67
    Gender:
    Female
    Ima kaj nekoj ili poznavate nekoj so e odbien?
     
  5. Larson

    Larson Популарен член

    Joined:
    Oct 9, 2017
    Messages:
    925
    Likes Received:
    2,072
    Gender:
    Male
    Почекајте до крајот на неделава или евентуално наредната треба сите да бидат прегледани бидејќи веќе ќе излегуваат конкурсите за оние што прв пат аплицираат и студентскиот оброк.
     
  6. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Joined:
    Nov 19, 2014
    Messages:
    2,428
    Likes Received:
    9,688
    Gender:
    Female
    Мене ми се смеена прееска кон 1, почекајте утре видете.
     
  7. Maylin

    Maylin Популарен член

    Joined:
    Dec 2, 2019
    Messages:
    354
    Likes Received:
    1,072
    Gender:
    Female
    На сите ли ви се смена статусот?
     
  8. Pisces19

    Pisces19 Активен член

    Joined:
    Nov 18, 2021
    Messages:
    62
    Likes Received:
    21
    Gender:
    Female
    Мене уште не
     
  9. Ana2411

    Ana2411 Истакнат член

    Joined:
    Feb 10, 2021
    Messages:
    240
    Likes Received:
    157
    Gender:
    Female
  10. MeckaCia

    MeckaCia Популарен член

    Joined:
    Dec 1, 2016
    Messages:
    877
    Likes Received:
    1,481
    Gender:
    Female
    јас го отворив, глупости живи што поише да реечам за сите категории треба документи за увид материјална состојба на блиско семејство глупост! тоа се стипендии за просек не социјални што им е гајле колку примаат моите
     
    Monicheee and Ana2411 like this.
  11. ataneR

    ataneR Истакнат член

    Joined:
    Feb 24, 2015
    Messages:
    420
    Likes Received:
    430
    Gender:
    Female
    Може ли да го прикачиш документот ако ти е симнат?
     
  12. MeckaCia

    MeckaCia Популарен член

    Joined:
    Dec 1, 2016
    Messages:
    877
    Likes Received:
    1,481
    Gender:
    Female
    КОНКУРС
    за доделување стипендии на редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Северна Македонија за студиската 2022/2023 година


    Министерството за образование и наука за студиската 2022/2023 година ќе додели стипендии на редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните универзитети и високообразовни установи во Република Северна Македонија и тоа по следните групи:

    а) Прва група – 1.470 стипендии за редовни студенти од социјални категории запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните универзитети и високообразовни установи во Република Северна Македонија;

    б) Втора група:

    http://e-uslugi.mon.gov.mk од 18.11.2022 до 05.12.2022 година.


    Кандидатите нема да бидат рангирани ако прикачената документација е :


    -Некомплетна



    1. Потврда за редовно запишан зимски семестар за студиската 2022/2023 година;

    2. Уверение за положени испити од претходните години;

    3. Заверен образец “УППИ” во форма и содржина објавен на интернет порталот http://e-uslugi.mon.gov.mk

    4. Документи за утврдување на материјалната состојба на кандидатот:
    - За вработените членови на семејството- потврди за остварена плата за последните 3 месеци (август, септември и октомври) за 2022 година или доколку за овие месеци не е исплатена плата, да се достави потврда за последната исплатена плата за оваа година (за родителите-старатели брат/сестра кои се вработени во државни и јавните установи да се достави потврда за плата заверена од овластен орган, а за родителите-старатели брат/сестра кои се вработени во приватни фирми да се достави потврда за плата како и заверена декларација за прием на платата)


    -за пензионираните членови на семејството - документ за висина на пензија – чек;


    - За разведени родители - доказ за разводот и доколку кандидатот прима алиментација истата да се прикаже како месечен приход;
    - За корисници на социјална помош да се доставува последно решение или последен чек;
    - За инвалидитет- наод и мислење за видот и степенот на попреченоста во физичкиот или психичкиот развој и специфичните потреби издадена од надлежна установа, а согласно Правилникот за оцена на специфичните потреби на лицата со пречки во физичкиот или психичкиот развој
    - За браќа/сестри на кандидатот кои се ученици/студенти се доставува потврда од училиштето- односно факултетот или друга институција.

    5. Изјава на кандидатот дека не е корисник на друга стипендија

    6. Изјава на кандидатот дека доставените документи се вистинити и податоците се идентични со оние податоци внесени во електронската пријава

    7.Изјава за обработка и користење на личните податоци на кандидатот и неговото потесно семејство (родители-старатели, браќа, сестри), со која кандидатот се сложува Министерството за образование и наука по службена должност да ги обезбеди потребните документи од одредени институции со кои има склучено договори за соработка

    8. Фотокопија од индексот (опционално, доколку студентот поседува).
    Кандидатите кои се пријавуваат за стипендија од прва група ги доставуваат сите документи (од бр.1 - бр.8), додека студентите кои се пријавуваат за стипендија од втората и третата група ги доставуваат документите под реден број 1, 2, 3, 4, 6, 7, 8, . Кандидатите од четврта група ги доставуваат документите под реден број 2,3, 5, 6, 7, 8 како и свидетелства од сите години од средното образование и договор за стипендија за талентирани ученици склучен со Министерството за образование и наука. Студентите – тутори, треба да достават како доказ известувањето од Министерството за образование и наука за вклученост во Програмата за тутори.


    Министерството за образование и наука по службен пат, согласно Правилникот за образецот на барањето за сместување во ученички дом и образецот на барањето за доделување стипендија, со потребната документација („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.161/16), ќе ги обезбеди следните документи:
    -Уверение од Управата за јавни приходи, за остварени приходи по разни основи за претходната година (приходи од самостојна дејност, приходи од вршење земјоделска дејност, приходи од имот и имотни права, приходи од капитал, капитални добивки, добивки од игри на среќа и други наградни игри, други приходи) за двајцата родители – старатели, брат/сестра на кандидатот поединечно и за самиот кандидат;
    -статус за членовите на потесното семејство на кандидати, од Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија;
    -за брат/сестра под 6 годишна возраст, како и извод на умрените за починат родител од Управата за водење на матични книги;
    -за државјанство на Република Северна Македонија од Министерството за внатрешни работи.


    IV. КАНДИДАТИТЕ НЕМА ДА БИДАТ РАНГИРАНИ АКО:

    Кандидатите нема да бидат рангирани ако прикачената документација е:


    -Некомплетна


    V. ОБЈАВА НА РЕЗУЛТАТИТЕ


    Списокот на кандидати на кои им се доделува стипендијата ќе биде објавен најдоцна до 31.01.2023 година на веб-страницата на Министерството за образование и наука www.mon.gov.mk



    VI. ВИСИНА НА СТИПЕНДИИТЕ

    Висината на стипендијата за Прва група - стипендии за студенти од социјални категории изнесува 6.050,00 денари месечно, за девет месеци во текот на студиската година.

    Висината на стипендијата за Втора група - стипендии за студенти кои постигнале особено висок успех во учењето и кои постигнале просечен успех од I-та до тековно запишаната студиска година на техничките факултети и медицинските науки од најмалку 8.50, а за студентите на факултетите од општествените науки и на факултетите од уметностите да имаат постигнато од најмалку 9,00 просечен успех изнесува 6.050,00 денари месечно, за девет месеци во текот на студиската година.

    Висината на стипендијата за Втора група - стипендии за студенти кои постигнале особено висок успех во учењето од најмалку 9,00 на студиските програми по информатика, за студентите кои се запишани на студиските програми по македонски јазик, македонска книжевност и јужнословенски книжевности, студенти запишани на студиски програми по историја на уметност, археологија, ликовна уметност и етнологија и антропологија, студенти запишани на студиски програми за преведување и толкување од македонски на албански јазик и обратно (мајчин јазик) и преведување и толкување од албански на македонски јазик и обратно (немајчин јазик), изнесува 6.050,00 денари месечно, за девет месеци во текот на студиската година.

    Висината на стипендијата за Трета група - стипендии за студенти запишани на студиски програми од научните подрачја на природно-математичките, техничко-технолошките, биотехничките и/или медицинските науки изнесува 6.050,00 денари месечно, за девет месеци во текот на студиската година; стипендијата за студенти запишани на студиски програми по хемија, физика и математика, земјоделските, ветеринарните и шумарските науки изнесува 18.000,00 денари месечно, за девет месеци во текот на студиската година.

    Висината на стипендијата за Четврта група - стипендии за студенти кои се запишани во прва година на студиски програми на високообразовни установи за образование на наставен кадар во предучилишното воспитание, основното и средното образование, изнесува 6.050,00 денари месечно, за девет месеци во текот на студиската година.


    Студентите ќе имаат право да се пријават само за една група на стипендии.

    Стипендијата се доделува за толку семестри за додипломски студии, колку што се предвидени со општиот акт на високообразовната установа, без апсолвентски стаж за студирање.



    Стипендијата се доделува за толку семестри за додипломски студии, колку што се предвидени со општиот акт на високообразовната установа, без апсолвентски стаж за студирање.

    Студентите кои ќе добијат стипендија ќе склучат договор со Министерството за образование и наука со кој ќе се уредат меѓусебните права и обврски.



    Потребни документи:

    1. Заверен образец “УППИ”

    2. Изјава на кандидатот дека не е корисник на друга стипендија

    3. Изјава на кандидатот дека доставените документи се вистинити и податоците се идентични со оние податоци внесени во електронската пријава

    4.Изјава за обработка и користење на личните податоци на кандидатот и неговото потесно семејство

    5.Копија од лична трансакциска сметка.




    Се задолжуваат сите добитници на стипендии најдоцна во рок од 10 дена по објавувањето на списокот, да го потпишат договорот за стипендија со Министерството за образование и наука, кој ќе биде објавен заедно со резултатите и ќе биде потребно да го симнат и пополнат во три примероци. Сите кандидати кои нема да го почитуваат овој рок ќе се смета дека се откажуваат од стипендијата.



    Морав вака пошто нее е документ само пишано е
     
    ataneR likes this.
  13. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Joined:
    Nov 19, 2014
    Messages:
    2,428
    Likes Received:
    9,688
    Gender:
    Female
    Кога ќе почнат со исплата за нас што продолживме?
     
  14. Larson

    Larson Популарен член

    Joined:
    Oct 9, 2017
    Messages:
    925
    Likes Received:
    2,072
    Gender:
    Male
    Чим на конкурсот за оние што прв пат аплицираат пишува дека резултатите ќе бидат достапни најкасно до 31.01.2023 очекувам за нас да исплатат некаде почеток до средина на декември.
     
  15. Fluke18

    Fluke18 Истакнат член

    Joined:
    Nov 25, 2017
    Messages:
    92
    Likes Received:
    17
    Gender:
    Female
    Нели лани имаше категорија за студенти од ромска националност,дали постои и оваа година тоа?
     
  16. Pisces19

    Pisces19 Активен член

    Joined:
    Nov 18, 2021
    Messages:
    62
    Likes Received:
    21
    Gender:
    Female
    Ako podnesuvas za stipendija vrz osnova na uspeh, ne treba dokument za uvid na materijalba sostojba. Procitaj go povtorno konkursot.
     
    poi likes this.
  17. Dumbledore

    Dumbledore Истакнат член

    Joined:
    Jun 24, 2022
    Messages:
    353
    Likes Received:
    911
    Gender:
    Female
    Може ли некој да ми прати линк за да ги прочитам условите за сите групи на стипендии? Не можам да најдам
     
  18. Sweetlove_0312

    Sweetlove_0312 Популарен член

    Joined:
    Oct 17, 2017
    Messages:
    1,651
    Likes Received:
    13,386
    Gender:
    Female
    Дали и кај вас не отвара страната на мон? :(
    И да прашам за социјални случаи има ли нешто да не треба да се праќа ?
     
  19. Selena01

    Selena01 Популарен член

    Joined:
    Aug 19, 2020
    Messages:
    1,972
    Likes Received:
    7,998
    Gender:
    Female
    Здраво, дали и за социјална стипендија треба минимум 80% да се положени испитите? И дали Може да се пријави студент кој е 5та година, односно квадрирал година предходно? Може се групи прашањава , ама јас не сум воопшто информирана пошто не земам ваква стипендија, прашувам за друг
     
  20. Dumbledore

    Dumbledore Истакнат член

    Joined:
    Jun 24, 2022
    Messages:
    353
    Likes Received:
    911
    Gender:
    Female
    Дечки што подразбира тоа доле "Имам друг/а брат/сестра?
    И кое да го кликнам ако братот/сестрата е вработен/а но надвор од Македонија?

    Ќе ми прават ли проблем за тоа? 20221118_194708.jpg