Да ве замолам да ми објасните за втората група треба 10 да се положени или повеќе од 10? 90% значи околу 10 вкупен број ? Малку ме збуни делот. Значи, јас имам положено 11 испити вкупно тоа ќе се смета за 90% или не ? А за факултетите што се спомнати само треба или и за сите важи втората група, факултет за туризам и угостителство не е спомнато дали значи дека не важи за тој факс ?
Zosto ne mozam da apliciram za dve grupi? Sakam da apliciram za prva i treta no mi pisuva neuspesno veke postoi aplikacija so ist EMBG?
Имам друг/а ти е пример ако сте 3 или повеќе деца, па ќе ти излези уште едно такво поле за братот/сестрата. Ако имаш само една сестра или само еден брат не кликаш тука ништо. Би ти рекла да избериш дека сестра ти е вработена, само не знам како би било со примањата за неа. Дали треба да се достават и нејзините или само од родителите? Можеби најдобро е да се јавиш и да прашаш. Зимски семестар во тековната 2022/2023 година пишуваш. Само за една група смееш са аплицираш, не може две да земаш. Избери си едни која мислиш дека имаш повеќе шанси. Пишува некаде низ конкурсот дека се аплицира само за една. Едит: Го најдов делот во конкурсот, скоро на крајот е. Студентите ќе имаат право да се пријават само за една група на стипендии.
Дали јас сум грешка или порано за 3та група имаше и да аплицираат студенти со успех над 7,50? Сега таа стипендија укината е?
Над 7.00 беше на времето, сега е над 8.00 . Не им се даваат пари, да не се истрошат многу, па зголемиле критериуми. Не се студенти тие што немаат висок просек според нив. Како да не заслужил некој што положил се со просек над 7 стипендија да зема.
Не знам. Во огласот пишува за примања во Република Македонија, и да извадам од УЈП за неа ќе се гледа дека има 0 примања за тоа што не е вработена тука. На кој број да се јавам? @poi
Епа пиши невработена ко така. А и не знам што мешаат примања до 10то колено, синќир сестра ти работи за тебе факултетот да ти го финансира... Пример викам, глупости.
Минатата година ни со просек 8,10 не ми дадоа, имало многу со повисок просек затоа не сум била добитник на стипендија, така пишуваше на решението што го добив од МОН. Секако мачкање очи им беше, под 8 не даваа, т.е даваа кога беше помала сума, сега откако качија сума не. Една другарка, наша колешка, со 8,00 точно во втора успеа да земе пред некоја година кога беше 3000 месечно и лани земаше продолжена со 7,7 некаде. Ми кажуваше девојчето за просекот кога аплицирав за стипендија, затоа знам, не дека водам евиденција хах. Тогаш тоа време кој успеа да земе, земаше, сега веќе тешко. Голема сума е, не им се даваат така лесно пари. Сега секако ми е паднат и мене просекот под 8, значи да се помирам дека никогаш нема стипендија да земам. Не учиме колега што е ова, срамота просек ц.
Сега го читав тој дел. Имаш положено 11 испити, но од вкупно колку? Т.е. колку испити ти се неположени од претходните години? Пример ако ти се сите 11 испити положени, го задоволуваш условот. Ако ти се положени 11 испити од 12, тоа е 11/12 * 100% = 91,67% значи пак го исполнуваш условот. Ама ако ти се вкупно 13 или повеќе испити, тогаш под 90% имаш положени и не исполнуваш.
Знам дека земаа со таков просек порано, кој имаше среќа и искористи. Полесно беше да се зема стипендија пред некоја година, скоро секој втор ја земаше оваа над 7 што беше. Немаше тешки услови за да се зема, 80% положени испити и над 7 просек што скоро сите го имаа/имаме.
Испитите се положени 11/15 затоа што еден семестар го паузирав факсот. И како е просекот со толку ?И дали се важат испитите од овој семестар ? @MeckaCia а за прва група од реден број1 - бр. Кој број е тоа ?
Здраво,сакам да прашам дали можам да аплицирсм јас ,бидејки сум бруцош ,според четвртата група за стипендии?Инаку имам одличен успех од средно 5.00 сите години. Г) Четврта група – стипендии за студенти кои се запишани во прва година на студиски програми на високообразовни установи за образование на наставен кадар во предучилишното воспитание, основното и средното образование: 1. Успехот во учењето, односно успехот остварен во текот на средното образование 2. По основ на користење на стипендија за талентирани ученици од Министерството за образование и наука.