Знам дека е повеќе пати прашано, ама мислам дека веќе на повеќето им е одобрено па затоа. Дали има уште некој од оние кои продолжуваат да им пишува успешно поднесена апликација?
Ми нема логика оти бараат и за трета материјална состојба, а веќе го качиле и просекот што е услов, не им се даваат пари очигледно.
Да не е некоја грешка во конкурсот бидејќи не е напишан број 5 а број 5 е изјава дека студентот не е корисник на друга стипендија што секоја категорија треба да го прикачи?
Веројатно е грешка, кај мене студентите шпекулираат дека овие услови за 3та група биле само за новите 30 стипендии, додека за останатите остануваат условите од лани, бидејќи со тие услови од лани им биле продолжени стипендиите сега, дали има некој инфо?
Тоа се 73,33% положени испити. Од овој семестар не се бројат. Мислам дека не го исполнуваш условот. Ако сум грешка, некој нека ме исправи. Педагошки факултет или за предметен наставник во основно или средно образование. Пример да си запишан на наставна хемија, наставна биологија, наставна математика, наставна физика итн.
За прва група стипендии треба да се достави некаков документ за висина на пензија на родител. Прашањето ми е дали треба да барам документ со висина на плата од банка, од пензиски фонд или?
Значи дечки, прво што треба е да прочитате што ви се пишува на веб страницата на МОН. Второ, од сам старт треба да знаете во која група спаѓате. Ваљда знаете на кој смер сте, патем и дали имате висок просек. Стварно не ве разбирам. Ок. И дали мислиш дека со Филозофски треба да аплицираш за трета група математика? Или си втора група со постигнат висок успех (општо), или втора група (ако си со висок просек на археологија, историја на уметност итн.)или си прва група од социјална категорија. Филозофски држи 20 смерови. Ако си на некој како археологија, историја на уметност и сл., види дали повеќе шанси имаш во таа категорија да добиеш стипендија или во втора група општо, ако имаш висок успех. Можеш, секако доколку ги исполнуваш условите за социјална категорија. Прочитај ги на МОН страницата.
Стипендија за социјална категорија треба да имаш невработен родител ли?Не сум аплицирала до сега не знам како е,сакам да аплицирам.
Здраво на сите. Сакам да прашам во врска со условот материјална состојба на семејство. Дали и за втора група треба да се прикачуват докази од приходи бидејќи на сајтот на МОН во еден дел е наведено дека треба, а во друг не е наведено.