Здраво брат ми прикачи документи за продолжување на прва група ама сеуште му вика успешно поднесена апликација. Дали и кај други има ваква ситуација? И каде може да се обрати, да не има случајно некој проблем со аплицирањето? Бидејќи на меил не враќаат
Исто и кај мене, ама им вртев во МОН рекоа дека не се обработува предметот веќе, и нема врска што ти пишува(освен ако не си одбиен), ако те прифатиле да чекаш пари на сметка, ако не не и така. Кловнодонија...
Вие првпат што аплицирате, прво треба резултати да излезат, да потпишете договори и да поднесете сметка, па после да чекате исплата. Не споредувајте со лани, лани конкурсите беа порано, се' се одвиваше побрзо и поорганизирано. Вас што ви стои проверено првпат аплицирате веројатно, нормало дека така ќе стои на апликацијата, не може прифатено/одбиено кога нема ранг листа, само проверуваат апликација. Вие ќе занете дали сте прифатени или не кога ќе излезат официјални листи. Не се мешајте со тие што продолжуваат, нив им стои прифатено/одбиено, затоа што за продолжување не се чека ранг листа, продолжуваат сите што исполнуваат услови и со самиот преглед на апликација можат да внесат дали им е прифатена или добиена пријавата.
Затоа пишав веројатно и објаснив од причина што често се мешаат некои работи. Во твојот случај најдобро директно да отидеш до мон, ако си во можност. Дека некои што ги познавам што отидоа директно таму си решија се, а на телефон само ги откачија културно.