Јас продолжив стипендија за успех и уште не ми имаат префрлено пари. Ќе одам деновиве директно во МОН да видам што е проблемот, зашто на меил не враќаат, на телефон не се јавуваат.
За тие што имате некаков проблем одете директно во МОН на 11ти кат, јас имам повеќе пати одено и секогаш ми го средувале проблемот и баш се фини кога лично разговарате, а така по мејлови и телефонски број тешко се добиваат и не обрнуваат баш внимание.
Здраво, дали има некакви информации за стипендиите дали ќе продолжат да се исплаќаат редовно секој месец или повторно ќе чекаме да од еднаш да ни ги пуштат сите пари наеднаш?
Најискрено да не чекаме пари сега во скоро време.Претходната недела ни пуштија стипендии со старите ниски суми,доколку беа сериозно ќе кажеа како ќе тече тој фамозен процес на изедначување.Многу сме рамнодушни,инертни без никаква ангажираност.Оваа година сме навистина за жалење.
Денес бев во МОН, ми рекоа дека ќе ми пратат средства крај на февруари, почеток на март за пет месеци.
Значи ова е страшно што го прават ни глас нема од покачување ни изедначување ни ништо и ниедно факултетско собрание не реагира срамота
Исплатија на некого за продолжена стипендија? Тогаш кога прашав ми кажаа крај на февруари и уште ништо..