Што стана со тие што не земаме веќе стипендии, а требаше за сите да има има доисплата од минатата година за изедначување?
Изгледа така ќе пројде еве и ние што сме оваа година апсолвнети и земаме пониски стипендии ништо не известија конкретно кога и дали ќе има доисплата.Толку не покрадоа овие две години што дури не е човечки.
Здраво, Да ве прашам нешто, не е за мене туку за едно комшивче Имаше лани или кога и да беше, читав дека на некои факултети им исплаќаат надоместок (стипендија) уште од прва година? Ако не се лажам беа некои факултети кај што немало заинтересираност или така нешто беше Ич не памтам плус не знам како да барам, не ми излегоа информации на нет Па ако знае некој нека пише да му пренесам. Дете е од сиромашно семејство и ќе мора да оди во СК да студира (тука нема каде), а сеедно му е што ќе учи, сакал само да заврши нешто.. Одличен ученик е, ама финансиите го кочат, па ова би му дошло добро..
Студентка сум на институт по физика, нема стипендија од прва година. Во прва година имаат стипендија на сите факултети каде што ќе се запишат наставна насока. Инаку кога ќе запише прва година може да аплицира за стипендија за 4та средно, ако има просек. Ако е од социјално загрозени семејство има социјални стипендии за кои ќе треба да достави потврди од старатели дека не се вработени или се осигурани на минимална плата. Исто така може да достави барање до факултет на комисија за ослободување од партиципација, зашто реално стипендиите не стигаат за да се покрие секој семестар и студентски или стан, храна и слично. Се надеваме и наредна година ќе има студентски оброк и за тоа ќе може да аплицира од прва година.
Во смеровите за наставно воспитниот кадар. Не знам за Скопје, ама во Битола на Педагошки можат од сите смерови да аплицираат. Е сега и за ск важи истото не знам точно нека си праша на секој факс посебно... Посакај му среќа од мене
Izvinete dali za retroaktivnata isplata ke ima novi dogovori da se potpisat? Bidejki ne sme site od sk i ke si odime, sram neka im e namesto da fatat da isplatat za ova godina sto ostanaa uste 6 meseci, i za lani da doplatat i vekje da nemame rabota nikogas
Ние самите сме си виновни , треба да се покрене иницијатива да ни ја исплатат разликата не за џабе потпишувавме , носевме договори и се нервиравме за архивски броеви
Здраво оваа година дипломирав, од следната година сакам да се запишам на истиот факултет, но различен смер со мал дел признати испити. Дали ќе може од следната година да земам стипендија за висок просек ако се оценките во ред ?
Zdr me buni sega nesto, mi rekoa treba da imas 80% polozeno od predmetite...A sto dokolkuu nemame tolkuu, a prosekot e nad 8....? Dali me sleduva stipendija
Не, еден од условите е да имаш положено 80% од предвидените предмети (за некои групи е 90%). Мора да се исполнат сите услови за да се земе стипендија.
За прва група. Значи имам уште за полагање 2 предмети во септември од оваа година, дали тоа е проблем? Сепак ќе ги положам ама во септември затоа што го пропуштив рокот во јуни.