Дали некој може да ми даде линк или да ми каже кога треба да се аплицира за стипендија обично кога го пуштаат конкурсот?
Ај да ги прашам постарите корисници. Лани кое време аплициравте за продолжување на стипендијата? Крај на октомври, ноември?
пред некој ден тетка ми ми спомна дека и јас можам да аплицирам за студентска стипендија,а сум прва година..дали е тоа можно ??
Октомври, ама ипак можеш и да отидеш до министерството и прашаш. Пошто ништо не се објавува на нет, јас така лани, денес/утре ке прашам и срека баш бев една недела пред да заврши па ајде набрзина уверение па да го чекам деканот да го потпиши и сл.
Секако дека можеш, пензијата од родител нема врска, тоа е приход по друга основа Со среќа! Не е можно, затоа што за студентска стипендија се аплицира врз основа на постигнатиот успех за време на студиите, а не врз основа на успехот од средно. Ти се' уште немаш просек на факултет за да можеш да аплицираш
фала на онфо, мене па понаку ми тврдеа Ќе пробам за таа Б па ќе видиме. ФАЛА многу. со среќа и на вас сите
^ Браво бе Jewel најинфомирана си и на сите им помагаш, им кажуваш, ги упатуваш! ЈАс лично сакам да и ти се заблагодарам, бидејќи ти да не ми дадеш потвредн одговор немаше ни да пробам а се распрашав поубаво и една жена од образование ми потврди дека си била у право! Фала многу и секоја чест за тебе, ѕвер си
Девојки јас сеуште го немам добиено договорот од стипендијата од лани,парите го добив а договорот не Дали ни е потребен договорот и што да правам?
Јас не сум многу запознаена со стипендииве, сега сум прва година на факултет. Сакам да земам наредната година, ако може. Што треба да направам? И дали тебе ти даваат пари или само учиш бесплатно?
^Ти даваат пари, а ти треба прво да го достигниш просекот што се бара, зависно од факултетот. Инаку, сега видов во договорот, документите треба да се однесат најкасно до 30 ноември. Дали тоа значи дека ако одам утре Скопје, можам да одам во министерство? Или сепак ќе објават нешто, па дури тогаш?
И јас исто така сум прва година и сакам да прашам нешто затоа што малку не ми се јасни овие работи Дали доколку земаш стипендија можеш да аплицираш и за студентски кредит? И дали доколку го имаш потребниот просек обавезно земаш стипендија или пак има некои списоци каде одбираат кој зема а кој не..Немој да ме тепате што вака глупи прашања пишувам али сепак се чуствувам како прваче
Нема повеќе студенски кредити. А дали ќе земаш стипендија има списоци, значи зависи и од други работи како материјални примања итн
[/quote] Инаку, сега видов во договорот, документите треба да се однесат најкасно до 30 ноември. Дали тоа значи дека ако одам утре Скопје, можам да одам во министерство? Или сепак ќе објават нешто, па дури тогаш?[/quote] И мене ова ме интересира, ако дојдете до некои информции-кажете, или па јас ако добијам некој одговор ќе споделам тука
Кои точно документи треба да се однесат за продолжување на стипендијата се знае или треба да чекаме да излезе некој конкурс?
Мислам дека треба само уверение со оценките(најверојатно од 2ра година само) и потврда за редовен студент. И индекс на увид.