Здраво! Корисник сум на социјална стипендија и сега треба да ја продолжам, па сакам да прашам, дали и за оваа категорија важат истите документи коишто се бараат или пак треба и дополнителни документи, како што се на пример: потврда за невработени родители или дека родителот зема минимална плата?
Да, имаш над 80% положени, рачунаш над 80% од вкупниот број. Можеш да продолжиш се додека имаш 80% од сите испити положено, пример ако имаш 30 испити, треба да имаш 24 положено, значи со 6 неположени поминуваш. 2 неположени се само ако аплицираш во втора година, а имаш 10 или помалку предмети, па за 80% дозволуваат 2 неположени (иако процентуално не се совпаѓа). Нема да ти продолжат имаш положено 72%
Дечки здраво, мене нешто не ми е јасно во врска со аплицирањето за продолжување на стипендијата, молам за помош. На линков : https://mon.gov.mk/content/?id=7313 пишува дека се потребни 3 работи за продолжување стипендија : 1. Потврда за запишан нареден семестар односно година на студирање. Дали е ова всушност потврда за редовен студент? 2. Уверение/потврда за предвидени и положени испити со успех од претходните години. Е сега, кога ќе го кликнам ова ми го дава УППИ образецот што колку што знам се пополнува и се носи во деканат да го заверат. Но, дали плус треба и Уверение за предвидени и положени испити бидејќии : 3. Индекс (овде мислам дека ми е јасно, скенирани страните од зимски и летен семестар од минатата студиска година). Please helpp
1. Да, потврда за редовен студент е. 2. Ова ќе го пополниш и ќе го однесеш на студентски прашања со уплатница за уверение (на секој факултет различна сума се плаќа) и таму ќе ти стават печат на ова и ќе ти дадат плус уште еден лист т.е уверението. 3. Да.
Здраво. Дали за индексот треба да се слика само од претходниот зимски и летен семестар или од почеток т.е прва година?
Јас разбрав дека од прва година и прв семестар, и последната година, односно последниот заверен семестар. Значи пишува "прв и последен заверен" да беше од годинава т.е од лани ќе пишуваше "прв и втор заверен семестар од учебната 2022/2023"
Дали ке можам да продолжам стипендија од прва група доколку ми има останато само дипломска? Сега имам запишано празен зимски семестар.
Знае ли некој дали може да се продолжи стипендија доколу сега си запишал празен семестар заради заостанати уште три предмети за полагање до дипломирање?
Нема ништо од мај навака за ретроактивната исплата,ниеден одговорен маил,ниту соопштение,претпоставка беше на два дела октомври и февруари по потпишување на спогодби ама очигледно ништо нема да се исплати.
Здраво. Доколку го пропуштам повикот за продолжување стипендија, ќе може после рокот некако да се продолжи или ќе може само да се конкурирам повторно?
Mora da isplatat ne veruvam do tolku da se za nikade zakon si ima sepak, uss nikako ne reagira izgleda togas koga reagiraa kazaa oktomvro i fevruari demek na 2rati i eve kaj se oktomvri do petok zavrsuva sramota
Ако си четврта година а смерот што ти е избран е со четири години и фактички ти е последна година, тогаш треба да заокружиш ДА.
Da pisuvame mailovi da dosaduvame mozebi taka kje dobieme nekoj odgovor za retroaktivnata isplata tie se nasi pari.Se nadevam za isplata na sekoj mu trebaat pari,a ne zasluzeni po site kriteriumi.