Девојки јас сега ѕвонев во МОН, ми кажаа дека може да почнеме со носење на документите за продолжување на правото на стипендија. Потребни документи кои треба да се достаават се : потврда за запишан нареден семестар ( ваљда е тоа потврда за редовен студент бидејќи во неа пишува кој семестар и година студираш) уверение за положени испити и индекс на увид.
Девојки, јас лани последната, 3-та година ја продолжував стипендијата, а сега планирам да се запишам на постдипломски, сеуште имам просек над 9, ама дали можам да ја продолжам? Или пак треба да чекам посебен конкурс за постдипломски студии?
А уверението со положени испити да биде само од последната студиска година или од сите вкупно? И може да ги носиме документите кога сакаме, на незакажано?
Прво се јавив на +389 2 3140 102, потоа ми дадоа еден друг број +389 2 3140 114 мислам беше, не ме држи точно за збор, ама ако сакаш заѕвони првин на овој првиов кажи дека те интересира нешто во врска со студентските стипендии и пак ке ти го кажат бројот на кој треба да се јавиш. Уверението треба да биде само од последната студиска година, а мислам и дека нема потреба да се закажува, а и од минатата година кога ги носеле документите за продолжување на правото на стипендија не закажувале, така да мислам дека нема потреба, но сепак ако некој добие подетална информација нека сподели, да не ѕвонам јас пак, па ќе им станам многу досадна на тие од МОН
Девојки ова продолжувањето важи и за тие од лани што земаа стипендија по нова програма (нели имаше тип А;Б;В). Пошто ја земав лани таква, во 2ра и 3та земав кредит...Соу мај квешчн ис: Истите документи треба да ги однесам за продолжување како тие што земале стипендија од старата програма? :geek:
Девојки, ме интересира дали некоја може да ми ги каже условите за трите типови на стипендии посебно? Дали конкурсот е излезен и дали некоја има информација кога треба да се поднесуваат документи и кои документи се потребни?
Јас денес го извадив уверението за положени испити и во него ги имам оценките и од прва и од втора година, а просекот се рачуна од двете студиски години. Не знам сега, некако не ми сечи паметот, ај ако има некој што минатата година го продолжувал правото на стипендија нека не просветли малку, така треба или....?
Јас ги однесов документите и немаше никакви проблеми. Значи не мора да закажуваш, одиш ги даваш документите, ти даваат бројче, кој по ред си ги дал и готово.
Дали треба да се однесе и заверен образец “УППИ” и ако може некој нека појасни дали сите предмети треба да се напишат во уверението и дали предметот Физичко образование ви го пишуваат како положен предмет? На филолошки не го пишуваат бидејќи немало оцена, а баш се добредојдени тие 2-3 кредити што ги носи...
Водолија, на уверението каде што ги пишуваше предметите, ги напиша само од оваа година или и од претходната
Е сакав и јас да прашам за тој УППИ образец, јас кога ги подадов документите таа што беше таму рече дали имам и образец, кажав дека немам, после и побара на онаа другата дали има испринтано образец од УГД ( на тој факултет студирам ) е сега во договорот не пишуваше никаде дека треба образец, дали се збуни таа бидејки тој документ ни требаше кога прв пат аплициравме за стипендија, а после ми рече дека е се во ред со документите. Прашував некои што лани го продолжувале правото на стипедија не им требал овој образец, па сега не знам . Ако дојде некој до информација за ова нека напише.
Ме интересира како можам да избришам 2 оценки (бидејќи ми го намалуваат просекот)...Конкретно, дали тоа треба да им се каже на луѓето што работат на студентски прашања или на тие во Министерството? Ако има некој друг со сличен проблем или знае нешто повеќе за ова нека сподели мислење..