Не знам кај е проблемот, али не ми се допаѓа шо не се зборува во јавноста. Ниту едно студентско собрание,ни студентарија, ни медиумите.. Као ќе исплателе до петок, еве не исплатија.. Зошто молк? Не се бориме за правата на сите студенти? Ако више се протестира се оди до крај и се прави кампања се дури не ги исплатат сите суми (дополнително и сумите кои ради икс причини не им стигнаа на продолжените + на дечките шо не добија исплата за превоз итн). Вака излева дека "министерот" е во право, тој вели дека тие си работат префектно и дека само китки и мед имало од кога се дојдени, сме протестирале пошо сме биле изманипулирани од вишите злобни сили. Уште ФСС и Студентарија да напишат "Студентите треба да бидат спокојни", тогаш ќе се знае кој ги влече конците.
Искрено не верувам дека ќе има било каква разлика и да се збори и да се протестира. Нема пред кого да излезе Министерот во право, сите знаеме дека е неспособен. Да има некоја власт или па да сме нормална држава да има некакво влијание, па да се буниш, вака само ќе губиме живци.
Се слагам до некаде, освен дека е за џабе зборувањето. Живците и онака ги губиме, бар да имаме некаква валидација од некаде дека нашето незадоволство е познато во јавноста, или барем да спомнат да знаеме дека колективно нема стигнато кај никој и да не се чудам дали е само кај мене проблем. Ако ништо друго да се документира неспособноста на МОН во детали за идна референца.
се согласувам но мислам дека ќе направат како што направија за продолжените, ќе пуштат најрано понеделник
има ли некој на форумов што може да ги праша студентарија или некоја друга група за студенти кога би стигнале стипендии за новодобиените? бидејќи сме на цедило оставени
Јас им пишав на студентарија 4 пати и никаков одговор. Кешот од журките им е побитен изглеа и зафатени се со рекламите. ФСС УКИМ ми вратија "Во текот на наредната недела".
УСС викаа и претходната недела дека треба да стигнат до петок. Освен МОН никој друг не знае, а тие сите ги лажат. Без Ука-Бука нема да дадат ништо изгледа, ќе треба пак да се организира нешто а тие шо треба да го организираат си имаат земено кеш и не се замараат многу баш. Другите шо треба да покренат некоа свест во студентската јавност презафатени се со организирање журки и карање на инстаграм. Шо е до мене не се замарам веќе и не ми е гајле дали ќе пуштат воопште, имам испити и не планирам да губам дополнителни неврони за расправање со неписмени шалтераши и лицемерни инстаграм активисти.
se soglasuvam potpolno, minatata godina pustija vo mart za site 36000, mozebi taka ke bide i godinava ili ke pustat do kraj na februari 30250, ke vidime. iskreno se mislam i jas da pocnam da gi spamam mon
Eve fevruari kaj e isplatata od retroaktivnata, neka ja pustat cela suma i da nemame vekje nikogas rabota so niv tolku.
Каде се сега Студентарија и останатите студентски организации што се "борат" за правата на студентите? Зошто сега не се прави притисок на МОН да пуштат стипендии за новодобиените?? Крајно нефер, си земаа они стипендии па ние останатите не сме важни. Страшно!
Тие нема да поттикнат ништо. Да ве потсетам само министерот што кажа на 5ти кога беа протестите (во кои студентарија имаа прилично голем удел): "апелирам да не дозволите да бидете манипулирани од дезинформации и злонамерни повици."