Бројот што го пишуваат тие од министерство не е ни малку важен, затоа што е само реден број под кој ти си ги поддал документите. Мене на пример, лани ми го напишаа само бројот а заборавија да ми се потпишат , па немаше никакви проблеми, парите стасаа. Важно е да се носи уверението со оценките од испитите(од претходните години), потврда од студенски за продолжување на стипендија и индекс.
Јас ги поднесов документите и ми дадоа бројче, само не ми е јасно сеа дали тоа значи дека е прифатено продолжувањето, и ке пуштат пари или треба да чекаме некој конечен список, писмо дома? Плис ако знае некој нека пише...
Нема списоци, нема писма, продолжувањето е прифатено Со здравје да си ги трошиш паричките кога ќе стигнат
За истото и јас се прашувам некои велат дека прашале во Мон и им рекле дека до 30 октомври е, а во договорите пишува најдоцна до 30 ноември.
Феминки јас мислам дека рокот за продолжување на стипендиите од А, Б И В категориите е до 30ти ноември, а за стипендиите за информатичари е до 30ти октомври, може затоа настанале забуни....
може некој да ми каже од каде ги дознавате сите информации поврзани со стипендииве? бидејќи на страницата за министерство за образование мене упорно ми го отвора ланскиот конкурс
појма немам од каде и јас на нет ништо не успеав да најдам мене колеги ми кажаа ,извадив уверение ,потврда и образец некој што го имало исто на нет и него го искоирав пополинив и само го однесов деканот да ми се потпише и тоа,знам дека е до 30 октомври... и не ми е јасно тоа бројчето што го даваат за што служи? и како ќе знаеме кога ќе ни е одобрено ? ај некој со поконкретни информации ?
За тие што ја продолжуваат стипендијата сите информации ги пишува на договорот кој ни го вратија. Таму пишува дека студентот е должен секоја година да ја продолжи стипендијата до 30 ноември (за тип Б) со тоа што ќе достави уверение за положени испити, потврда за запишан следен семестар и индекс на увид (а тоа за уппи образецот годинава не знам од кај искочи). Бројчето служи само за да имаме некоја потврда дека сме ги предале потребните документи за продолжување доколку настанат некои проблеми, иначе нема да има нови одобрувања, списоци итн. Сега следи само исплата. Ова се однесува на оние кои се веќе корисници, за оние кои годинава ќе конкурираат ќе излезе нов конкурс на страната на МОН каде што ќе биде се' објаснето. Оние кои ќе конкурираат годинава нека не се водат по информациите од минатиот конкурс, зашто ништо чудно да има промена во правилата.
На истото место е МОН? Во зградата на Нова Македонија? И ај сеа, конечно некоја што однела документи да ми каже, треба ли тој УППИ образец да се носи или не? Јас имам само индекс, потврда за редовен студент и уверение со положени испити. Утре одам во Ск, па да знам дали ми се во ред документите.
На УППИ образец пишува Ова уверение на именуваниот-а се издава за да му-и послужи за конкурирање за добивање на стипендија, што нема логика нас да ни го бараат ова увериние , бидејки ние не конкурираме за да добиеме , туку ја продолжуваме стипендијата.
Да, на истото место е Иначе јас ги поднесов документите и носев и УППИ образец затоа што некои мои колешки што немаа ги вратиле. Стварно е многу нелогично. Како што пишала Александра, на образецот пишува дека служи за доделување на стипендија, не за продолжување и плус годината на образецот објавен на интернет е 2012/2011, ама ете, македонска работа- да биде најсложено што може и исклучиво нигде да нема официјално известување
значи јас бев и со сигурност 100% треба и тој обрзец ,значи вака образецот да се испринта од нет да се пополни и кај деканот за печат и потпис,плус уверение плус потврда ...ако фали образецот враќаат,така да не ризикувајте...значи треба !!!
Значи нема врска тоа што на уверението на нет пишува студентска година 2010-2011 ? Денес една колешка исто ги пратила документите по некој и им дале од таму Уппи образец ,само незнам која година ја пишува на него
девојки ај одговорете ми дали мора лично.планирам на сестра ми да и ги однесам јас-за продолжување,зошто има колоквиуми и нема да доаѓа....да не се метлачам за џабе.Звонев во МОН ама нон стоп е зафатено
Мислам дека може, нема причина да те вратат. Ионака не бараат документ за лична идентификација, индексот на увид служи само да забележат кој семестар која година е запишан
Не мора лично, еве мене братучед ми ми ги поддаде и лани и годинава. А во МОН цела година да звониш ке биде зафатено поздрав