Уф....имало најдоле, каде гледав претходно Убаво си пишува: "Министерството за образование и наука по службен пат, согласно Правилникот за образецот на барањето за сместување во ученички дом и образецот на барањето за доделување стипендија, со потребната документација („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.161/16), ќе ги обезбеди следните документи: -Уверение од Управата за јавни приходи, за остварени приходи по разни основи за претходната година (приходи од самостојна дејност, приходи од вршење земјоделска дејност, приходи од имот и имотни права, приходи од капитал, капитални добивки, добивки од игри на среќа и други наградни игри, други приходи) за двајцата родители – старатели, брат/сестра на кандидатот поединечно и за самиот кандидат; -статус за членовите на потесното семејство на кандидати, од Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија; -за брат/сестра под 6 годишна возраст, како и извод на умрените за починат родител од Управата за водење на матични книги; -за државјанство на Република Северна Македонија од Министерството за внатрешни работи."
Здраво, дали каде што пишува да се прикачи копија треба баш копија или може и слика пр. за индекс и трансакциска или пак може само да се скенираат? Затоа што и да направам копија сепак ќе треба потоа да ја скенирам истата како и другите документи од факултет што треба да се скенираат.
За тие што прв пат аплицитираат за студентска стипендија има резултати групно или секој поединечно дознава преку промена на статусот на апликацијата во е-услуги?
И сега толку, така? На страната на МОН пишува дека НЕ треба да се носат никакви потпишани договори. Само чекаме да легнат средствата? Дека за ученички стипендии во средно се одеше до МОН и се потпишуваше некаков договор помнам, инаку ако не отидеш....како да се откажуваш од стипендијата.
Дали има некој одговор од приговор? И дали некој внел некогаш и добил одговор од приговор безразлика дали бил позитивен или негативен...?
Здраво Може би е доста рано, но јас да си прашам на време Во трета година, за обнова на стипендија во договорот стои како услов....положени 80% од испитите. Би ве замолила некој поупатен да ми појасни. Се работи за положени 80% од испитите од втора година, или вкупно да бидат 80% од прва и втора заедно, на тоа ли се мисли што навеле во договорот....80% од претходните години? Малку нејасно е формулирано. Ви благодарам.
80% од вкупните испити предвидени во досегашните години - во твој случај прва и втора година, да Дали некој има добиено одговор на апликацијата за студентски стипендии за втор циклус и/или новиот повик што беше на почеток на февруари за студентски оброк за тие што не аплициралепретходно?