има шанси со просек 8 да ми дадат стипендија тип В или да не се мачам за џабе? и кога ќе идам таму да ги предадам документите прашуваат нешто ? бидејќи од кај ќе ги знаат примањата на родителите, нема ниту еден таков лист кај што пишува такви работи да пополниме.
Девојки, денес кога бев да извадам уверение и им кажав на луѓето од студентски прашања да ми тргнат 2 оценки затоа што со нив ми се намалува просекот (а предметите ми се положени) и тие ми викаат дека не може да ми ги отстранат ...сум требала да ги поништам ...дали некој е имал ваков случај...и сега како во Министерството ќе отидам ќе немам просек?? или пак, можеби тие ќе ми пресметаат само 90% и нема да ги земат во предвид тие 2 оценки..Ве молам кажете свое мислење
Тип В секако дека имаш шанси да земеш стипендија, а ако си на некој технички факултет тогаш можеш да ја земеш и стипендијата од Тип Б. Таму не прашуваат ништо, а за примањата ќе ти треба потврда од нивните работни места за плата и уверение од УЈП..ќе имаш дополнителни информации на МОН за документите.
Јас бев вп средата во МОН. Не носев уппи, ниту пак ми побараа. Ми дадоа бројче и толку. Сега ќе чекам пари Значи некои ги враќаат, а некои не што се без уппи.
УППИ мора да се носи кога за прв пат поддаваш документи за стипендија/кредит. Ако се продолжува, тогаш тој образец воопшто не треба, зашто ти си го подднел кога си доставил барање за стипендија/кредит што значи дека во архива стои тој образец и не треба секоја година да се доставува. За продолжување-Индекс Уверение со оцените од претходните години и Потврда
^^ моја другарка ја вратија заради тој УППИ образец, а исто за продолжување беше и она, така што мислам ништо нема да ве кошта да си го носите за секој случај, што е сигурно сигурно е. ја конечно во понеделник ќе идам и значи ми треба: -индекс -потврда за редовен студент -уверение со положени испити -УППИ образец ништо друго? (прв пат аплицирам) и таму прашуваат за кој тип стипендија сум така. дали А, Б или В додека однесам документи јас...
Дали рокот за носење на документите за продолжување на стипендијата е 30 ноември? Се јавив во МОН пред некој ден и ми рекоа дека за различен тип на стипендија има различен рок (пр. до 20, 25, 30) и да сме се држеле до тој рок што ни бил напишан во договорот. Кај мене во договорот е 30 ноември краен рок, но денес слушнав муабети на факултет дека до 31 октомври (понеделник) бил рокот. И сега, што е вистина? И така понеделник планирав да ги носам посекако.
Дали некој знае кога ке биде уписот за стипендии, мене ми рекоа дека ке бил ноември ама незнам кој и незнам што треба да извадам за да аплицирам
За продолжување на стпендиите, за тип Б во договорот пишува до 30ноември, за тип А до 30 октомври. Почитувајте си ги роковите од договорот, тоа е официјален документ, баталете ги изгубените тетки од фамозната канцеларија што си играат карти на компјутер во работно време па ги прават сите збрки. Пале, проверувај на www.mon.gov.mk, таму ќе излезе конкурсот и ќе пишува се' што треба да направиш и кога да аплицираш. Никој не знае и не може да ти каже кога ќе излезе конкурсот, следи ја страната.
Има тука некој што зема стипендија за информатичари? Планирам да аплицирам за оваа стипендија, па ако има некој да ми разјасни некои работи.
Мислам дека може само еден испит да немаш положено (90% да ти се положени). Така барем лани пишуваше на конкурсот.
^ Незнам баш дали го проверуваат тоа со испитите. Зошто во уверението не ти пишува колку од колку испити имаш положено (ако се работи за максимум 3 испити, мислам дека ќе поминеш).. инаку имам ја прашање... Зимав стипендија, па ја изгубив бидејќи 1 година ми беше ставена во мирување, па сега пак сакам да аплицирам со успехот од 3та (сега четврта сум инаку)... Треба на новиот конкурс така?
јас буквално секој ден проверувам на веб страната и уште стои истиот конкурс за сместување студенти во студентски домови... а овој за студентски стипендии уште го нема, а одамна требаше да биде објавен... веб страната е http://stipendii.mon.gov.mk/ ... и види под тековни конкурски и во менито, има се објаснето кои документи се потребни итн...
Девојки дали некоја од вас знае, кога праќаме документи за продолжување на стипендијата дали треба да се напишат и предметите од претходната година? Пример- ако просекот од прва година бил 9.2, а просекот од втора бил 8.3 значи дека среден просек е 8.7 Во случајов дали 8.7 ќе се смета како просек со кој аплицираме?
Се смета просекот од двете години. Ако имаш е-индекс провери колкав ти е просекот за двете години. Така се смета.
Дали можи некој што добил стипендија да ми објасни како одат тие работи со вадење документи, кој документи треба да се извадат многу ќе ви бидам благодарна...