КОга ќе излезе конкурсот ќе ги пишува и сите потребни документи,а околу вадењето некаде е побавно например јас м1 м2 образец за мајка ми се изначекав
A може ли да се аплицира во 1ва година за стипендија? Пошто гледам се бара просек од претходни години...
DAngel, еве го конкурсот од оваа година http://mon.gov.mk/dokumentimon/konkursi ... 25-201112- ако имаш нешто проблеми, пиши па ке ти објаснам Штом излезе сега за информатичарите, очекувај за недела ке излезе и другиот или порано За весник незнам во кој, ама најубаво гледај си на страната на министерството за образование.
да ве прашам а дали знаете дали треба извод и дали копијата од државјанството треба да биде заверена на нотар ?
Кога ке биде објавен конкурсот ке бидат и наведени потребните документи што треба да се поднесат. Извод мислам дека треба а државјанството мора да биде заверено на нотар за да биде валидно,мислам дека такви документи(изводи,свидетелства и др) мора да бидат заверени на нотар. Почекајте нека се објави конкурсот...
Јас колку што се сеќавам извод не требаше, и државјанството не требаше да се заверува на нотар, само го фотокопиравме и толку. Сепак ќе си прочитате во конкурсот кога ќе излезе и ако не пишува, значи не треба
На http://stipendii.mon.gov.mk/ во тековни конкурси го пишува конкурсот за стипендии за информатичари, а кога отидеш на пријави се, ти вика дека нема тековни конкурси. Треба уште да чекам од министерството да средат, а? И документите им се целите испомешани, јас си ги симнав од други конкурси. Не ги бива за ништо.
Па електронското пријавување започнува покасно мислам. Сега почни да си ги прибираш документите зашто без нив не можеш да се пријавиш.
Не, од денес требаше да почне електронското, а после тоа се носат документите. Ама најверојатно утре-задутре ќе почне
Добро, планираат да го објават конкурсот за стипендии или чекаат да завршиме факултет па тогаш да го објават?? Од една страна форсираат,ајде дојдете до висок просек за стипендија, од друга Која стипендија по ѓаволите??
Девојки еве објавен е конкурсот за стипендии на студенти запишани на додипломски студии од јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија за студиската 2011/2012 година. http://mon.gov.mk/konkursimon/870-2011-11-11-09-28-20
Девојки, јас аплицирав за стипендијата за информатичари, ама за секој случај, да си аплицирам и на тип А и Б, нели?
Каде да ја најдам таа : 6. Изјава на кандидатот дека не е корисник на друга стипендија или кредит, објавена на интернет порталот http://stipendii.mon.gov.mk; ??? мене на страницава не ми ја дава ...
А јас да прашам, кога на нас ќе ни ги пуштат паричките? Оваа година пр пат го продолжував договорот. Значи од ланските корисници сум.
Едниот родител ми е пензионер, а другиот невработен. За точка 4 што се бара Уверение од Управа за јавни приходи треба нешто да доставам? Зошто приходи имаме само од пензијата, а тоа е во точка 5 како потврда за примање на пензија..
Да, треба да доставиш 3 уверенија, по едно за родителите и едно за тебе, за да докажеш дека стварно немаш приходи по други ставки освен пензијата. Како и да е, уверенијата се вадат брзо и не се плаќа за нив. Со среќа Аплицирај си за секој случај, па ако ти одобрат повеќе после ќе си ја откажеш најмалата Најверојатно уште не се ставени зашто поднесувањето на документите ќе биде крај на јануари негде, а и уште ни електронското пријавување не е почнато.
Jewel фала ти многу на одговорот. А потврдата за износот од пензија од ПИОМ да ја земам или може од на банка да земам извештај за колку е месечната исплата на пензија?