Ајде за добро нека е, сега кажаа на вести утре излегува конкурсот за стипендии за 2010/2011 година. Па ајде сите да си добиеме
За оние што не имаше на конечната листа за добиени кредити лани, веќе ни пуштија 2 рати, и договорот стаса пред неколку дена А во него исто пишува дека продолжувањето на истиот е до 20 ноември. Исто беше една другарка пред 3 дена во министерство и и кажаа најкасно неделава да отидеме. Значи она што го кажуваат на вестите е дека студентските кредити се укинуваат, ама за следниве години... а нас ќе ни ги исплатат парите
нема ништо на http://mon.gov.mk/index.php?option=com_ ... Itemid=133 кај би можело да е на друго место?? не смеам да го пропуштам..
Го нема конкурсот објавено и јас преверував неколку пати сигурно го обработуваат Ќе излезе кога веќе кажаа на вести нема бегање... А каква би била таа А категорија за талентирани ученици од 4 000 денари?
Јас слушнав дека во весник го имало, само во кој не знам! Сега го разлистав дневник, и не беше таму, зс другите весници не знам зошто продавачката мислам ќе ме убиеше! Ај ако знае некој нека кажееее !
Мора да го има и на нет штом го има во весник, ајде да се надеваме дека ќе го стават во текот на денов, ете кажале дека ќе биде денес, не мора да значи дека уште од сабајле ќе го има, какви сме сите нетрпеливи
Навистина а какви се тие талентирани ученици? Еве на пример мојот просек е 9,8 и сега за која да аплицирам?
И јас се прашувам тоа, и на пример дали би можело да аплицираме во двете групи па ако не бива во таа од 4000 зашто мал е бројот на студенти кои ке земаат-200, па да спаднеме во онаа категорија од 3 000 или сигурно си е сигурно да си аплицираме за Б немој да останеме без ништо на крајот
Велат имало во весникот Вечер,не знам колку е точно .Кој е во можност нека одговори Инаку кај нас на Кирил има многу деца кои ќе поднесуваат за стипендија,за на Гоце не знам
Јас читав вечер онлајн ама не најдов ништо. Еве кој сака нека провери http://www.vecer.com.mk/?ItemID=DD401B2 ... 1F51932302
Сега и јас се збунав Мислам дека спаѓам во талентирани, но само на 200 доделуваат... Па можеби поарно е на другиот да аплицирам, поголеми се шансите... А? Ако може на двата што не верувам добре е, но незнам... Ако знае некој плус информација нека пише.
уште ништо нема или јас не можам да најдам???/ шо е проблемот??? нестрпливо чекам да излези конкурсот.... дали некој знај ова шо е за талентирани студенти дали можи и од приватните таму да конкурираат или не?? или тоа е само за државните??
http://www.idividi.com.mk/Biznis/MakBiz ... index.html Ова е се што се знае до сега. Требаше денес да излезе конкурсот арно ама уште го нема . Сигурно неделава ќе го пуштат
Годишно ќе се доделуваат 200 стипендии за талентирани студенти и ќе бидат во износ од 4.000 денари месечно, а за нив ќе можат да конкурираат студенти кои оствариле просек над 8.5 од техничките факултети и медицинските науки, односно над 9 од општествените и уметничките науки. При доделувањето на овие стипендии, од вкупно 100 бода, 80 ќе се однесуваат на постигнатиот успех, 10 на остварените приходи на родителите/старателите, додека останатите10 бода ќе носи видот на студиите. Ама, пак, се зависи од домашните примања
и јас го барам, ама неможам никаде да видам би требало да биде во документи па во конкурси ама нема ништо...
Луѓе конкурсот го имало во денешен вечер, јас сега дознав. Ќе искочи сигурно и на нет деновиве, пошоо нели прво на нет се аплицира.. па да видиме!