Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Студентски стипендии

Дискусија во 'Образование' започната од Em4ence, 25 февруари 2010.

  1. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.983
    Допаѓања:
    26.375
    Мислам дека не треба. Јас бар, ниеден документ за стипендија немав заверено на нотар.

    Блек Ангел, купи уплатница напишана во книжарата на Филозофски, или види ја сметката од интернет страната на факултетот.
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  2. angie

    angie Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    242
    Дали знае некој како можам да ги сменам податоците што ги внесов во електоронската пријава? Зедов и идентификационен број, и можам да се најавам и се то ама нема опција како би ги сменала податоците? Да не треба нова пријава да пополнувам?
     
  3. Viiiiip

    Viiiiip Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    837
    Допаѓања:
    400
    Кратко, Од факултет ми треба само УППИ образецот од страната што јас ќе го пополнам и Потврда за запишан семестар само така? П.С. Некој од Економски поднел, како се плаќа кај нас? Леле мн заврзлами е мн ме нервираат... :/
     
  4. Jewel

    Jewel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    144
    Не можеш да ги смениш податоците, треба да пополниш нова пријава, за валидна се смета последната :)
    УППИ, потврда за запишан семестар И уверение за положени предмети до сега.
    Со среќа на сите :)
     
    На angie му/ѝ се допаѓа ова.
  5. mon4i91

    mon4i91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2011
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    101
    девојки тоа сто пишува во електронската пријава:

    Плата, пензија, социјална помош или надоместок по основ на технолошки вишок од татко (спрема плата од јануари 2011 или последна земена плата):

    треба да се писува од ујп платата на годишно ниво сто е или од потврдата што ја земаа од работа таа цифра според месец?
     
  6. lepa.milena

    lepa.milena Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2011
    Пораки:
    346
    Допаѓања:
    161
    Во електронската пријава пишува дека може да се аплицира и за повеќе типови на стипендија. Ако аплицирам за А и Б, дали треба во доставувањето на документите и за секој тип да бидат одделни, или само образците за одделен тип на стипендија?
     
  7. Jewel

    Jewel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    144
    Според потврдата од работното место, на месечно ниво :)
    Треба сите документи да ги имаш во два примерока. Лани се предаваа одделно (во различна соба), ама и да се годинава во иста, сепак сите во два примерока :)
     
  8. Sanja991

    Sanja991 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    0
    Девојки ве молам за помош :)) На страната на http://stipendii.mon.gov.mk/PotrebniDokumenti.aspx неможам да ги отворам потребните документи ...
    Поточно ова :Уверение со бројот на предвидените и положени испити од претходните години, заверен образец “УППИ” во форма и содржина објавена на интернет порталот http://stipendii.mon.gov.mk;
    Незнам зошто несака да се отвори...
     
  9. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Во однос на електронската пријава:
    Во делот за материјална состојба на студентот, каде што пишува приход од имот и имотни права, приход од вршење стопанска и професионална дејност, приходи по основ на вршење земјоделска дејност и Приходи по други основи треба да се напишат вкупните приходи на годишно ниво за мене, за мајка ми и за татко ми, така?
     
  10. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.476
    Допаѓања:
    34.882
    Пол:
    Женски
    Да точно така
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  11. ma4o4female

    ma4o4female Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    352
    А пример ако нема приходи по други основи пишувам 0 или ништо, оставам празно??? :^)
     
  12. lepa.milena

    lepa.milena Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2011
    Пораки:
    346
    Допаѓања:
    161

    0 пишуваш... ако нешто не е внесено во ред се појавува ѕвездичка
     
  13. Viiiiip

    Viiiiip Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    837
    Допаѓања:
    400
    Ајде јас да си прашам, ги имам сите 7 предвидени предмети во 1 година положено, ама едниот ми е со 9ка, па сакам да го прикријам, за да бидам 10,00, дали некоја од вас направила такво нешто? Бидејќи ми излегува 86% положено, не 90%... АЈ ве молам некоја искуство... :/
     
  14. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Леле чепкав низ мислењава, гледам лани на старите корисници им исплатиле прва рата крајот на февруари :o Ќе си се изначекаме...
    А за овој образецов УППИ навистина ме плаши, не ми го побараа ниту мене, а изгледа треба... :worried: Да не не зафркнат после нешто :worried:
     
  15. New-York

    New-York Активен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2011
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    1
    Дали некој знае како изгледа моделот за пресметка на вкупните поени за добивање стипендија? :)
     
  16. angie

    angie Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    242
    Според запишаната студиска програма по_________________ предвидени и положени предмети и кредити по студиски години се следните.....
    Што треба да стои на празното место ? Ова е кај УППИ образецот.
     
  17. New-York

    New-York Активен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2011
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    1
    Па зависи од тоа што студираш тоа го пишуваш. :)
     
    На angie му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Viiiiip

    Viiiiip Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    837
    Допаѓања:
    400
    Девојки, ај ве молам, доколку некоја се сеќава отприлика со колку поени беше последниот што доби стипендија од тип Б и А, доколку се сеќавате? Фала однапред...
     
  19. angie

    angie Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    242
    Од тип А 91.53 на 174 место што значи 6 стипендии се оставени недоделени, а од тип Б 81 поен.
     
  20. Viiiiip

    Viiiiip Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    837
    Допаѓања:
    400
    А зошто не беа доделени? Врскаџиски? Не ми е јасно што може врска да ти напраи за да ти помогне за стипендија... :/ Имам ептен јаки врски, просек 9,9, ама ме јадат примања од моите, имаме прикажано дупло отколку што е просечна плата во македонија(толку најмалку можеше што да праам..) :/ Ах маки... :devil: