Ким, нема врска за уппи. И на мене и на некои колеги кои одеа во МОН пред мене, не ни го бараа. Тоа со уппи оваа година им беше чиста глупост. Ако имаш бројче, тогаш еден убав ден ќе ти стигнат парите на сметка
Извини Вип, ама што бараш да аплицираш за стипендија со толкави примања? Па уште прво се буниш дека имало врски, а после сама кажуваш дека и ти имаш врски. Ај со среќа стипендијата што со врските твои ќе ја земеш некому што навистина му треба.
Може некој да ми каже како се пресметуваат бодовите? И да, јас не го ископирав бројчето(немам дома печатар) и сега како да го доставам со документите???
Изгледа девојкава не ни чита самата што пишува од што е толку лакома... Ако ти си толку поштена драга моја (а сама кажуваш дека не си ) нема потреба да бараш врски. А и со толкав просек (ако е "без врски" и тој ) секако дека ке ти дадат стипендија. Од вакви "поштени фаци" ни се распаѓа државата... Али како и да е, среќата со пари не се купува (извинете за off topic, ама ова е срамота!)
Оооо господе, јас не спомнав ништо за тоа дека нешто сум против за со врски или незз што... Кој како ќе си го протолкува тоа што го имав пишано... А ти МИЛААА многу да не ми збориш зошто јас си знам како го имам тој успех стекнато, сваќаш??? Колку ноки не сум спиела и колку имам вложено во него? Ти за себе да си гледаш... Имам врски да, ама за ниедна оценка не сум имала врски на факултет... Врски тегнам пошто, бев 5,00 средно и ученик на генерација а плаќам 400 евра пошто имаше ненормална конкуренција на мојот смер, ако имам повисоки примања од некоооој во моментов, кога јас голем дел од парите ги давам за таа партиципација, а просечна плата е 20 000 за информација во Македонија, епа сега, ако е некој со 20 000 и 4 члена семејство, со уште еден ученик како што е кај мене случајот нема ни да го запишат на факултет... Кај мене е што во моментов ми е таква финансиската состојба, татко ми е вработен оваа година последнава, и од месец за месец потпишува договори, другата година незз дали ќе биде... И стипендија ми треба за да си ја плаќам сама партиципацијата, а кога имам врски ќе ги искористам. П.С. А државава се распаѓа од АЛАПАЧИ ко тебе, што зборат а незнаат ништо....
Kaкви алапачи? Полека, без навреди. Мислев да си молчам ама морам да искоментирам. Како прво, викаш просечната плата во Македонија е 20000 денари, а ти си прикажала примања 2 пати повеќе од просечната плата, значи вие имате примања од најмалку 40000 илјади. Според мене просечната плата во Македонија е најголема глупост, затоа што има огромен број на семејства со двајца вработени кои вкупно немаат 20000 денари примања. Има семејства кои сами си знаат како сврзуваат крај со крај, а ти се грижиш за твојата патиципација од 400 евра. Искрено, ти не заслужуваш стипендија. Второ, многу се изнервирав кога слушнав примери за луѓе кои имаат двајца вработени во фамилија кои со сигурност земаат плата над 20000 и земале стипендија од тип В. Е ова е веќе срамота. Е од такви како вас се распаѓа државата.
Без навреди?? А кој прв почна извини??? Јас недозволувам некој да плука на мојот труд дека со врски сум ги имала оценките. Да, толку се... Во моментов, а до декември 2010 и ние имавме примања од 23 000, и двајца ученици, еден невработен... А и конкурирам за стипендија А, каде што успехот е 80 поени, а примања 10 поени. За тој тип стипендија пресуден е успехот а не примањата. А тие кои имаат ниски примања или имаат родител социјален случај ќе си конкурираат за тип В и ќе си добијат пари, со оглед на тоа дека тие стипендии се 1 400 на број, а овие од А категодија 170... И немојте само дека од овој или оној се распаѓа државата, смешно е... Ако нешто се распаѓа сите имаат кривица...
Viiiiip стипендиите лански од тип А не биле доделени зошто помалку кандидати се пријавиле за неа од страв да не ризикуваат и да не ја добијат зошто нели се ем помалку и ем се зборува дека добар дел од нив си се наместени. Ти имаш просек за А да аплицираш, а зошто имаш големи примања помалку поени ќе добиеш по тој основ... Среќно.
Сакам да прашам дали овој дел "Потврди за остварена плата на вработените членови на семејството" се однесува за последниот месец што има плата земено или...оти на конкурсов пишува за месец Септември а кога се пријавувам електронски бараат од последниот месец,како пополнавте вие? Еве го целосно како пишува...не свакам Потврди за остварена плата на вработените членови на семејството за месец септември 2011 година или доколку за овој месец не е исплатена плата, да се достави потврда за последната исплатена плата
Девојки ве молам......јас лани аплицирав за тип А, имам 10 просек, четворица во семејство, само еден вработен (со 26000 плата) уште еден студент и невработен родител. со овие податоци јас мислев дека имам шанси за добивање на стипендија, а моите научени од она македонското...немој џабе да се надеваш, џабе ќе аплицираш, тоа е све наместено, немаме врски бла бла бла......на крај се покажа дека ни врски ни ништо не ми требаше.Си излегов на крајната листа со сите поени и си добив стипендија. Секогаш вреди да се обидете и нема потреба секогаш на прво место да ги ставаме врските и познанствата....а не викам не дека ги нема...и тоа многу ги има,ама затоа има и такви без врски што се горди на своите успеси и не дозволувам никогаш некој да рече...еј за ова јас и помогнав...не дозволувам!!! И да не бидам оффтопик...Нели рекоа до крајот на неделава ќе исплатат две рати на старите корисници? А за сите што ќе аплицирате СРЕЌНО!!!
Дечки, да не ги има некој ланските резултати од стипендиите, пробав на http://konkursi.mon.gov.mk/Rezultati.aspx ама не ми ги отвара резултатите. Баш сакав да видам со колку просек имаат земено за ТИП А , стипендија за приватни, бидејќи сестра ми има 9.85 просек и не сака да аплицира, вика мали и биле шансите, само 30 стипендии даваат, имало многу со 10.00 просек и се запнала ке аплицира за ТИП Б. Ако ги има некој резултатите ве молам дајте ги, се чудам што да ја советувам да прави
Девојки, што ако се пријавиме електронски, а потоа се предомислиме и не сакаме да аплицираме односно не им доставиме документи? Може ли да се избрише целосно поднесената електронска пријава?
Зашто да ја бришеш електронската пријава ? Нема да им однесеш документи и никому ништо, нели некомплетираните документи нема воопшто да се разгледуваат, така некако ке му дојде и твоето, воопшто нема да ја разгледуваат твојата апликација бидејќи немаш доставено документи.
Тогаш нека аплицира и за А и за Б. Јас така направив. На почетокот на електронската пријава во текстот јасно пишува дека може да се аплицира за повеќе типови на стипендија. А во делот помош во прашањата најдов и дека за едната стипендија се доставува оригинална документација, а за другата копија од оригиналните документи, само да се наведе дека се копија на оригиналите. Па така ако не и даваат А стипендија, Б секако ќе и дадат.
Јас сакам да аплицирам прво за А а потоа за Б. Тоа значи дека за Б треба копија од документите??? А таму треба да кажам дека сум аплицирала за А и затоа сега доставувам копија и аплицирам за Б или...?
дали на некој од старите корисници му стигнаа првите 2 рати??? оти така најавиа на вестите на тв дека првите две рати ке ги пуштат до крајот на неделата..... дај кажете ве молам...
од сигурни извори ратите се уште не се стигнати, сепак имате уште надеж дека рекоа до крајот на оваа недела