Студентски стипендии

Дискусија во 'Образование' започната од Em4ence, 25 февруари 2010.

  1. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Ќе го однесеш индексот, тие само ќе видат која година си се запишала на факултет и кој семестра си запишала оваа година и ќе ти го вратат. Јас денес носев, затоа знам :)
     
    На tigerlady му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Nannaa

    Nannaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2010
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    31
    министерот рече дека и од студентските стипендии ке бидад доделени 2 рати а не само кредитите.... :@
     
  3. ma4o4female

    ma4o4female Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    352
    Да ве прашам....мајка ми е почината и сега јас земам пензија....Во електронската пријава што треба да пишам во примања кај мајка и во примања на студентот???
     
  4. Shayek

    Shayek Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    1
    Има ли пратено некоја рата од страите кредити/стипендии?
     
  5. kate89

    kate89 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    743
    Допаѓања:
    1.562
    Пол:
    Женски

    ништо немаат пратено од старите кредити
     
  6. nedzma

    nedzma Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    Значи вака треба да поднесеме електронска пријава од 22.11 до 12.12. 2011 а документите да ги доставиме во Министерство за образование од 14.12 до 28.12. 2011 така?
     
  7. nice-girl

    nice-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2010
    Пораки:
    1.091
    Допаѓања:
    940
    Да се пријавуваш прво електронски и си закажуваш термин до 28.12 е последен ден и кога ќе си закажеш си ги носиш документите.
     
  8. ma4o4female

    ma4o4female Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    352
    Anyone????
     
  9. Viiiiip

    Viiiiip Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    839
    Допаѓања:
    401

    Јави се на бројов... 02-3231-495, тој е за помош при пополнување на електронската пријава... Ќе ти кажат се, фини се :)
     
  10. lepa.milena

    lepa.milena Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2011
    Пораки:
    346
    Допаѓања:
    161

    Јас во делот помош на веб страната гледам дека не е доставувањето во министерство. Еве копија од прашање со одговор.

    Каде, кои и кога се доставуваат документите за стипендии на студенти запишани на додипломски студии од јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија за студиската 2011/2012 година.


    Доколку сте аплицирале за стипендија потребно е во студенски дом Кузман Јосифовски Питу, ул. Митрополит Теодосиј Гологанов – Скопје, од 14.12.2011 – 28.12.2011 година, од 09-16 часот, да ги донесат следните документи:
    1. Потврда за редовно запишан зимски семестар за студиската 2011/2012 година
    2. Идентификационен број од успешно пополнета електронската пријава
    3. Уверение со бројот на предвидените и положени испити од претходните години, заверен образец “УППИ” во форма и содржина објавена на интернет порталот http://stipendii.mon.gov.mk
    4. Уверение од Управата за јавни приходи, за остварени приходи по разни основи за 2010 година (приходи од самостојна дејност, приходи од вршење земјоделска дејност, приходи од имот и имотни права, приходи од капитал, капитални добивки, добивки од игри на среќа и други наградни игри, други приходи) за двајцата родители – старатели на кандидатот поединечно и за самиот кандидат
    5. Потврди за остварена плата на вработените членови на семејството за месец септември 2011 година или доколку за овој месец не е исплатена плата, да се достави потврда за последната исплатена плата; за пензионираните членови на семејството да достави документ за висина на пензија; за невработените членови на семејството да се достави потврда од Заводот за вработување дека се невработени или примаат – не примаат паричен надоместок (во потврдата да биде наведен износот на паричниот надоместок, доколку го примаат); за починат родител да се достави копија од извод на умрените; за разведени родители да се достави доказ за разводот и доколку прима алиментација истата како приход да биде прикажана под други приходи, за корисници на социјална помош да се достави решение или чек, за инвалидитет да се достави лекарска белешка, додека за учениците и студентите (браќа, сестри) потврда од училиштето, односно факултетот или др
    6. Изјава на кандидатот дека не е корисник на друга стипендија или кредит, објавена на интернет порталот http://stipendii.mon.gov.mk
    7. Изјава на кандидатот дека доставените документи се вистинити и податоците се идентични со оние податоци внесени во електронската пријава објавена на интернет порталот http://stipendii.mon.gov.mk
    8. Копија од уверение за државјанство на Република Македонија
    9. Индекс на увид
     
  11. Radiance

    Radiance Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    170
    Документите мора да се носат во министерството на адресата дадена подолу во евидентниот лист =)
    Ако сум грешка и ако не се носат таму нека потврди уште некој член.
     
  12. lepa.milena

    lepa.milena Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2011
    Пораки:
    346
    Допаѓања:
    161

    И мене тоа не ми е јасно, затоа и го копирав тоа што го видов во делот помош со поставени и одговорени прашања. На евидентниот лист пишува едно, а во ова пишува во студентски дом Кузман Јосифоски - Питу. Најдобро ќе биде да се јавиме во Министерство и да прашаме. :^)
     
  13. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Да не гледате вие за документите за студентските домови? Тое се носеа во Кузман. А за стипендии се носат во министерството.
     
  14. lepa.milena

    lepa.milena Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2011
    Пораки:
    346
    Допаѓања:
    161
    Не, баш ова е за студентски стипендии, види во постот што го пратив претходно, го копирав тоа што го видов, оти ми е чудно, најдобро ќе биде да се јавиме во Министерство за секој случај, можеби е грешка и од нивна страна. А еве уште еднаш копија од прашањето поставено и одговорено од министерство од делот ПОМОШ:
    Каде, кои и кога се доставуваат документите за стипендии на студенти запишани на додипломски студии од јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија за студиската 2011/2012 година.
     
  15. ma4o4female

    ma4o4female Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    352
    Пак јас :tmi: Велат дека можеш да аплицираш за два вида стипендија....и како ќе ја пополнам електронската пријава кога таму ми бара да бирам Тип А или Тип Б :( ??? Хелп грлс :|

    А и сакав да прашам, јас сум апсолвент и дали можам да аплицирам???
     
  16. lepa.milena

    lepa.milena Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2011
    Пораки:
    346
    Допаѓања:
    161

    Ќе пополниш 2 електронски пријави, едната со тип А, другата со тип Б и двете ќе ти се важат. Јас така направив и имам 2 идентификациони броеви. И кога ќе предаваш документи, за секој тип се дава посебен примерок, при што едниот може да биде копија од оригиналот, само да наведеш дека е копија.
     
  17. lylaby

    lylaby Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    631
    Допаѓања:
    334
    Пол:
    Женски
    Имам едно прашање,имено чув за еднократни стипендии за студенти на постдипломски студии кои се 9 семестар односно веке влегуваат во 10ти кога пишуваат и евентуално бранат магистерска теза...еднократна парична помош која изнесува 30 000 денари мислам дека беше.Дали некој чул за ова нешто јас еве гледам на страната на министерството но неможам да прочитам ништо околу тоа....ако некој нешто знае околу ова плс нека пише позз
     
  18. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.826
    Ај нека ме корегира некој ако грешам, ама аплицирањето за стипендија не се врши само во втора година? :^)
     
  19. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.421
    Епа и јас мислев дека е само за втора година, ама кога ја пополнуваш пријавата на интернет треба да избереш која година си втора, трета или четврта.

    Веројатно си мислат дека ако не си успеал во втора да фатиш просек во трета може ќе ти тргне работата... :?: .
     
  20. Mermaid

    Mermaid Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    298
    Не не , мене на пример во втора ме одбија ама во трета добив право на стипендија. Важно е да имаш просек над 8,5.
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.