Мајка бaраме во студентски дом да аплицираме за стипендии тие документи се за во министерство не за таму нешто си грешка
Не знам дали мајки, татковци и што ли не бараме таму - јас ви кажувам дека се јавив и дека тие ми рекоа на таа адреса да се носат. Се извинувам што не побарав детално објаснување и писмо со посвета да ми напишат
Не знам ниту јас, ама зошто на конкурсот ја пишува адресата на МОН, а на стипендии адресата на Кузман се јавив за да си прашам сигурно каде да се носат. Тие ми кажаа да се носат во Кузман, а зошто таму не прашав.
Со убаво те прашав да не си разбрала погрешно не туку ми превртуј очи! Можно е да ти рекле спроти кузман студентски зашто во негова близина е министерството
Ако погрешно сум те разбрала - извини. И не, не сум разбрала погрешно зошто два пати го прашав дали е во Кузман и тој ми рече да. И другарка им прати меил и истиот одговор го добила.
Супер! А за стипендиите на ланските корисници има некој информација кога ќе стигнат? Многу сакам пред нова година да пуштат некоја рата
Мене денеска колега од факултет ми кажа дека морало да биде заверено кај нотар, иако мене ми е чудно зошто не навеле ако треба да се завери. Јас во секој случај го заверив.
А може некоја кога ќе отиде да поддаде документи да не просветли дали треба или не да е заверено на нотар, бидејќи јас оргиналот го немам кај мене само копија ми е...
Јас бев во Кузман и ги предадов документите. Само пролистаа дали ги имам сите, и не ми дадоа никаква забелешка, а инаку мене државјанството ми беше заверено на нотар, за секој случај, оти колега од факултет ми кажа дека мора, иако не разбирам ако треба, зошто не навеле во конкурсот или било каде?
добро кога планираат да пуштат 2 рати за старите стипендисти.... стварно го претераа... па нас сега ни требаат пари пред нова година нема да ни требаат во март....
Прашав од колегите лани што подаваја докуметни ми кажаа дека не го завериле државјанството,ако некој се јави да праша ве молам да ми кажете
Девојки ако го давате оригинал (значи ново вадено Државјанство не повеќе старо од 6 месеци) по правило не се заверува, ако не сакаш да го дадеш Државјанството, туку копија, тогаш копијата со оригиналот ќе одите не нотар и ќе ги заверите.
Девојки, јас денес ги дадов документите и државјанството не ми беше заверено на нотар и ми беше старо 2 години. Затоа нема потреба ни да вадите ново ни да го заверувате кај нотар и пари по џабе да фрлате.