1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Студентски стипендии

Дискусија во 'Образование' започната од Em4ence, 25 февруари 2010.

  1. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    739
    Феминки конкурсот е излезен во денешен вечер, а аплицирањето на нет ќе започни од 25 овој месец. Јас побарав денес низ трафиките низ центар не најдов вечер нигде, а мајка ми одвај нашла еден во Битола. Така да со сигурност го има конкурсот, излезен е. Еве баш сега го гледам онлине изданието на вечер ама не можам да најдам ништо, ама 100% го има во денешното издание. :)
     
  2. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.732
    Допаѓања:
    5.151
    Девојки излезе конкурсот конечно :up: барајте го на страницата на министерството.
     
  3. Lina24

    Lina24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    2.230
    Допаѓања:
    438
    имам 9,73 просек и сум на приватен факултет, е сега незнам за која категорија да се пријавам затоа што тип А доделуваат само 30 стипендии за приватните универзитети а тип Б 150 ако не добијам во тип А ќе ме префрлат ли во тип Б? или како? вие како сте со просек што планирате??
     
  4. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.732
    Допаѓања:
    5.151
    Лина и јас сум во слична ситуација т.е во полоша, ова воопшто не ми се допаѓа што го направија :x
    Сепак тебе просекот ти е супер мислам дека треба да аплицираш за талентирани студенти, ама ај ќе видиме како ќе биде да не брзаме.
     
  5. Vodolijata

    Vodolijata Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2010
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    683
    Незнам и јас се мислам ама се одам накај тоа да аплицирам за Б категорија, 1000 денари, а биле а не биле па сега, а ако останам без ништо и онака е мал бројот на тие од А категорија а има доста студенти што имаат 10.00 просек. ...сепак ке прашам кај нас на факултет ќе видам што ке ми кажат.
     
  6. bluberry

    bluberry Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.114
    Допаѓања:
    341
    Е сега ниту јас знам за која да аплицирам :^)
    А добро каде се пополнува електронски.Никаде не можав да најдам.Знам дека почнува од 25 ,но сакав да видам како изгледа :^)
     
  7. Lina24

    Lina24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    2.230
    Допаѓања:
    438
    сега е ставен ланскиот на 25 ќе ја стават апликацијата за нас и јас сакав да видам како изгледа.
     
  8. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.732
    Допаѓања:
    5.151
    Блубери, електронското започнува од 25 месецов, сигурно тогаш ќе го пуштат.
    И јас изгледа ќе аплицирам во Б категорија, не верувам во 180 да ме одберат, како што кажа водолијата има многу со 10.00, а во 850 поверојатно ми е да се најдам.
    Сепак ако некој праша некаде или дознае нешто ново нека каже.
     
  9. Nannaa

    Nannaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2010
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    30
    дали можи да се пријавиш на а категорија и ако те одбијат оти малце стипендии дават после да се пријавиш на б категорија??? јас прв пат аплицирам и не знам.... ве молам некој ако знај нека ми кажи...
     
  10. al-vik

    al-vik Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2010
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    110
    Верувај дека се проверува :) И за стипендиите влијае материјалната состојба,но многу помалку од успехот, за тоа што тие се даваат на талентирани студенти. А нели се носат потврди како доказ за примени плати, кои за кредити да, влијаат многу повеќе, но сега како што слушнавме ќе нема. Може да си прочитате конкурсот и да видите како се бодува материјалната состојба.
     
  11. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.298
    Пол:
    Женски
    Јас ве советувам оние кои имате висок просек, да тркнете до министерство за образование или да се јавите и да прашате дали доколку се пријавите за онаа стипендија за талентирани и не ја добиете, дали автоматски ќе ве префрлат на онаа тип Б. Тие таму најдобро ќе ви кажат.. а вака расипан телефон не си играјте. :!:
     
  12. al-vik

    al-vik Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2010
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    110
    Lina24 за тебе и за сите кои како тебе се мислат,значи ова ви го кажувам со сигурност а можете и да појдете до Министерство да си прашате ќе ви потврдат, АПЛИЦИРАЈ ЗА СИТЕ ЗА КОИ ГИ ИСПОЛНУВАШ УСЛОВИТЕ, Е сега може ќе треба наместо по еден да извадите по 2-3 примероци од секој документ, но кога ќе бидат конечните ранг листи и ако те има на повеќе од една листа, ќе си појдеш до Министерство да си кажеш од која стипендија се откажуваш,за да не те отфрлат од двете или трите. Но нема да згрешите ако си аплицирате, но пред да аплицирате извадете си ги документите бидејќи најмногу апликациите ви се отфрлаат доколку некој податок кој сте го прикажале во електронска форма не е ист со документот кој го прикажувате. Веќе не користам но така беше и до лани, можеше да си аплицираш без проблем и за кредит и за стипендија, но да користиш само едно, но студентите тоа за жал уште не го знаат.
     
  13. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.732
    Допаѓања:
    5.151
    Си знам сега, тоа го имав пишано во Јуни месец.
    И не сум баш сигурна дека можеш да се пријавиш во двете категории, камо да може така :wasntme:
     
  14. al-vik

    al-vik Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2010
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    110
    Па не се мисли немора да ми веруваш на мене, отиди си до Министерство и прашај си.
     
  15. bluberry

    bluberry Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.114
    Допаѓања:
    341
    Навистина тие што сте во Скопје проверете и пишете ни да знаеме.Така е најдобро.
    Јас нема да бидам во Ск ниту наредната недела :^)
     
  16. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.251
    Допаѓања:
    21.759
    Пол:
    Женски
    Имам просек 9.125 и ќе аплицирам за стипендијава под Б. Мислам дека имам поголеми шанси таа да ја добијам отколку онаа за талентирани студенти.Инаку,не може да се аплицира за два вида на стипендија,тоа е информација од Министерството.
     
  17. Vodolijata

    Vodolijata Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2010
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    683
    Лично праша или...?
     
  18. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Колку глупаво ми е она талентирани студенти,а те вреднуваат по успех.Ми нема логика...

    И друго,материјалната состојба нема врска,секој си штелува како што си сака,верувајте.Познавам студенти кои се многу,многу далеку од немање пари,единци се (автоматски,има повеќе финансии за по член од семејството) и сепак зимаат стипендии.Ако мене ме прашувате многу е бедно и нефер,се згадувам од оваа категорија на луѓе.
    Мора да направат друг начин за вреднување и именување на стипендиите.
     
  19. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.012
    дечки се мислам дека прашав, ама барав немам прашано.
    Дали има стипендии за средно и основно ?
    и некој нешто повеќе да каже околу тоа
     
  20. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.251
    Допаѓања:
    21.759
    Пол:
    Женски
    Да,лично прашав човек кој ми е близок роднина и работи во Министерството.