Дечки потполно ве разбирам, сестра ми зеде тип А без никакви врски... Има просек 9.85, а за тип А нели само 10 % имаат удел примањата, кои инаку ни се многу мали . Еве на пример таа имаше незнам 95,55 поени а другарка и 95,45 и беше бааги места подолу од неа во листата. Гледам последните неколку од листата имаат исти поени, пример 94, а скроз последниот има 93,75 поени. Тие првите значи што се одбиени, сигурно се за многу малку, за нула кома нешто, искрено многу ми е жал за тие, среќа што нема објавена целосна листа па да се нервираат за помалку од пола поен ... А јас кога бев во гимназија, значи имав повеќе од 30 дипломи и просек 5.00. Секоја година аплицирав за стипендија, и ме одбиваа. Еднаш дури стигнав и во втор круг елиминации, во листа од 600 средношколци од кои даваа 560 стипендии или така некако. И , ме одбија Значи све со врски. Потоа гимназијата доделуваше 2 стипендии , кои се доделија во тајност. За тоа разбрав кога добитниците на стипендијата се пофалија што се си изнакупиле и поручиле од Авон .. А мене ми требаа само 3000-4000 за превоз месечно. Кога разбрав за тоа, мислам дека гимназијата во воздух ја кренав, кај професори, директори кај се не бев. Каде е тој конкурс ? Зошто не е ставен на огласна табла ? Дури и класната која прва се бунеше кога ме ослободуваа од часови за да се спремам за натпревар со кој што ја претставував гимназијата на државно ниво, а на регионален имав освоено прво место , со лицемерна насмевка ми кажа : Тоа е само за тие што имаат дипломи, наставничкиот совет одлучи тие и тие да ги добијат Ама се исплатеше трудот на крај.. И што ми беше поентата, незнам. Не се нервирајте и не очајувајте. Што е во ваша можност пробајте, жалби, приговор, ништо нема да изгубите. Таква ни е државичката за жал. Се надевам дека на крај ќе се исплати трудот на сите
Во врска со приговорите, моја најблиска другарка лани беше одбиена со просек 10.00. Беше на разговор кај претседателот на комисијата при што и кажа лично (јас бев со неа, не парафразирам) дека се работи за нивна грешка и да си поднесе приговор затоа што нема причина да и го одбијат. Девојчето уредно во приговорот објасни дека станува збор за нивна грешка и верувале или не, одговор од приговорот доби дури во ноември и тоа негативен Кога повторно отиде кај претседателот на комисијата кој лично неколку пати ја убедуваше дека ќе се среди се', мртов ладен и рекол: Па кој ќе ги чита приговорите девојче, дали ти знаеш дека 800 приговори беа пратени Уште не можам да си поверувам како уверливо ја маткаше и лажеше цела година. Срамота! И вака ќе биде се додека нема цврста рака што убаво ќе ги санкционира сите тие што не си ја вршат работата. На ништо не личеше ни ова чекање, ама да има некој сега да ги извести дотичните дека заради ненавремено објавување на резултатите ќе им скратат 15% од плата, следната година нема да биде вака!
Па ајде бе, се знае дека добар дел од стипендиите се однапред поделени. Една моја другарка со скоро 10 просек, дете на самохран родител, а и тој невработен, не успеа да земе стипендија, а други што ги знам со помал просек земаа. Ама тоа ти е... Си знам јас уште од средно, јас со место на државен натпревар не успеав да земам стипендија, а другарки мои земаат без ништо, само онака. Ама тоа ти е, што можеш да очекуваш од нашата држава...
договорот и бројот на трансакциската сметка треба да се пратат по пошта така? Не треба да се достават директно до министерството? Ај нека ми одговори некој ако можи
Треба да се пратат по пошта и после тие ќе ти пратат решение за доделување на стипендија. На мене конечно денес ми стигна Ме израдува така утрински
Да, по пошта се доставуваат Инаку, честитки до сите кои добија, со здравје да си ги трошите П.С. Дали има некој кој лани земал тип Б, а годинава му е одобрена тип А?
Па да ама тие со обично од некои фирми под услов да работиш за нив после одреден период. На пример Алкалоид доделува за фармација, ЕЛЕМ, МЕПСО, ЕВН доделуваат за енергетските смерови на ФЕИТ, итн.
Дечки јас сум прва година и не ми е јасно како одат работиве. Имам просек околу 9,ама само што заврши прв семестар,како се аплицира за стипендија,дали одкако ќе ја завршиш цела година? Ќе може некој да ми објасни?
^ За стипендија можеш да аплицираш веќе од втора година па натаму. Обично октомври-ноември излегува конкурсот на страната на МОН и таму ги пишува условите и како да аплицираш. Оваа година и лани, за тип А (стипендија од 4000ден месечно) беше потребен просек од мин 9 за општествените факултети и мин 8.5 за техничките, додека за тип Б (3000ден месечно) мин 8.5 за општествените и мин 8 за техничките.
Дали некој ја зема стипендијата за информатичари? Ме интересира дали таа стипендија важи само за оние кои студираат чиста информатика или и за оние смерови кои спаѓаат под факулетот за информатика. Инаку, братучетка ми со 9.8 просек си зема стипендија од А тип без врски, па нека им е со среќа на сите кои се избрани (ама без врски )
Јас добив годинава стипендијa за информатичари. Стипендијата важи за сите информатички смерови на сите факултети и универзитети, и државните и приватните. Убаво е што нема врски па сите што ги изполнуваа условите и поднесоа си добија годинава.
9,2, Последниот што имаше добиено стипендија имаше точно 9 просек и не беа доделени сите стипендии. Ама догодина можно е да биде поголема конкуренцијата, заради ФИНКИ.
Фала ти државичке мила и драга. 9,9 просек стипендија јок. Прекрасно, радости живи. Во моментов единствено што сакам е да се спакувам и да си отидам од ѓубрево од држава каде некој бар малку би ценел тоа што јас учам. И да ве прашам нешто и вас затоа што збеснав. За да аплицираш за Бтип, колку предмети може да имаш неположено? Јас колку што знам беше 90% да ти бидат положени што значи во втора година ако конкурираш, од мојот факултет само еден предмет треба да ти биде неположен.
кажете ми вие што ги продолжувавте стипендиите од лани ,дали навистина требало некое писмо да ти пратат демек е одобрено или не ? пошто мене ништо не ми стигна или од дома не ми кажале :/ колку е точно ова? или пак муабети се само ...?
Писмата стигаат подоцна. Важно е на список да те има. Еве мене ме имаше на список, на сите им стигнаа писма со договор само мене не, па еве трета година пари ми стигаат. Ако не ти стигне, а те има на список можеш во Министерството да одиш и да кажеж што како па ќе ти пратат.
Јас добив тип Б со просек 9,9 без врскки без ништо. Да знаеш само дека големо влијание имаат и примањата на семејството, а не само просекот.
Знам дека влијаат и примањата, но јас аплицирав за А тип. Ме интересираше ова со предметите затоа што знам една девојка на која и дадоа стипендија а немаше положено два предмета. Освен со врски не знам како можела да аплицира, а не па ли да добие стипендија.