Јас имав се положено, се мислев дали да аплицирам за тип А или Б ама на крајот се решив за Б, посигурно ми беше. А, за девојката за која збориш со два неположени а добила не знам како е можно тоа, но во нашава држава се е можно, не се изненадувај.
Па значи и ти имаш врски , штом си земала стипендија за информатичари.Или за твојот случај само тоа неважи???
bubemconia ти мислиш за писмата кои што стигаат прв пат кога носиш договори? Зашто горе девојчево прашува за тие што ги продолжуваат стипендиите а не тие што прв пат добиваат. Јас знам дека нема списоци за тие што продолжуваат стипендија.
Провери убаво пред да обвинуваш некој. Стипендија за информатичари земаат студенти на државните и приватните универзитети од информатичките смерови кои имаат просек над 9. Јас ги исполнував условите и поштено си поднесов за стипедија и добив, а дури и не беа доделени сите стипендии од што немаше конкуренција. Само да се мрчи
и јас се зачудив што зборува ? колку што знам нема вакви списоци ,дај некој шо е повеќе информиран нека каже
За тие што добивте стипендии за договорите треба три примероци од кои едниот останува за студентот, и треба да се пратат по пошта до Министерството за образование и наука. Е, сега дали треба трите примероци да се пратат или само два?
Добив стипендија Честитки до сите што добија. Кај договорот што пишува... запишан/а во _______ семестар во студиска 2011/2012 година, треба трет семестар да се напише, така?
Да прашам сеа јас нешо, има многу страници наназад испишувано и не можам да се снајдам, ако има некој што може да ми објасни би била благодарна. Сега ке запишувам втор семестар, ме интересира што треба да направам за да земам стипендија? треба да чекам да видам како ке го поминам вториов семестар, за на крај да си го одредам просекот од прв и втор семестар па да аплицирам? Како се аплицира и како одат процедурите по ред? Фала ви однапред
И јас се двоумам помеѓу трет и четврт зошто и двата се запишани во 2011/2012 година. Ако може некоја од ланските корисници да ни каже тие што напишале...
Треба да напишете трет семестар, затоа што втора година почнува со трет семестар, а вие поднесувате барање за стипендија врз основа само на првите два семестри. Тоа што од МОН каснеа толку многу со цела процедура што сите запишаа до тогаш и летен семестар е друга приказна Што се однесува до оние кои ја продолжија стипендијата, не треба никакви списоци и нема да добиеме известување дома дека е продолжена и слично. Верувам дека сите уредно ја продолживте во предвидениот рок и си добивте бројче кое тоа го потврдува, па сега се чека единствено да стигнат парите на сметка Треба да се пополнат и пратат сите три примерока затоа што треба да имаш печат дека е валиден и твојот примерок. Ти праќаш три примерока, а тие задржуваат два а едниот ти го враќаат на домашна адреса
Ex, јас се зачудив малку во врска со тоа. И јас пратив 3 примерока, водејќи се по истата логика, дека ќе ги потпишат, ќе им удрат печат и ќе ми вратат еден по пошта. Вчера ми стигна писмо ама ми пратија решение за доделување на стипендија, но не и мојот договор. Нормално, без потпис и печат јас можам кога сакам да си испечатам примерок од договорот за мене и не би требало да биде важечки, така? Па сакам да прашам, да не ги доделуваат договорите за стипендиите за информатичари свечено, како што направија минатата година? Ако знае некој де...
Запишан значи семестарот кој сега си, а ако е заверен тоа е претходниот семестар, бидејќи нели се заверува откако ќе помине...јас сум од старите корисници и знам...