И покрај тоа што сум со просек 9.70 и моите родители имаат минимални примања, повторно не добив стипендија, при тоа, го исполнувам сите наведени услови за примање на стипендија. А освен тоа, нема ни други членови на семејството со примања, ниту пак јас имам. Ме интересира, дали покрај жалбата, треба и некој друг документ и дали жалбата треба да биде заверена кај нотар? А инаку видов на листата личности што лично ги знам со просек 8.50 и сите членови имаат примања и плус дополнителни приходи, и пак добиваат стипендија. Стварно не можам да го сфатам начинот на доделување на поени.
За договорот склучен на ден __________ треба да се напише датум или не? И сега дали треба 3 или 4 семестар да стои погоре некои пишуваат треба 3 некои 4?
За договорот склучен на ден __________ треба да се напише датум или не? И сега дали треба 3 или 4 семестар да стои погоре некои пишуваат треба 3 некои 4?
Не треба ништо друго освен жалбата и не треба да биде заверена на нотар. Самата бираш дали ќе поднесеш апликација за тип А или за тип Б. За А, мислам дека 80 бода носи просекот, 10 месечните приходи и 10 бода ако си на технички односно 6.5 бода ако си на факултет за општествени науки. За тип Б, просекот ти носи мислам 60 поени, 30 приходите и 10 за техничките фак., а 6.5 за општествени науки. За да аплицираш за тип А треба да имаш просек минимум 9 ако си на општествен, или 8.5 за технички факултет, додека за тип Б минимум 8.5 за општествените или 8 за техничките факултети. Отворете ја страната на МОН, таму се' убаво вие е објаснето.
Немам пасош, ништо немам од идентификација, само здраствена книшка, индекс од факултет, и студентска легитимација, тоа е се.
Девојки колку треба да имам просек за да земам стипендија? Дали се гледа во семестар или пак годишно? Прва година сум и се заинтересирав.. Ај ако има некоја време нека ми објасни.. Благодарам
Документи за стипендија можеш да поднесеш наредната година,овој период,оваа година немаш право,затоа што немаш основа на која може да се пресмета просек.Просекот се зема од изминатата година т.е. прва,во твојот случај,од двата семестри заедно.Е сега,можеш да отвориш на страната од МОН и таму ќе видиш кои се условите за земање на еден од трите типови стипендија ТИП А;Б;В. Мислам дека ти е сеуште рано тоа да го гледаш,ти сега труди се просекот да ти биде на 7.5-8.0. поздрав
Феминки ќе ми објасни некој што треба да се прави сега, слупнав за некој дог но не сфатив многу..Благодарам однапред
http://www.mon.gov.mk/mk/aktivnosti/955 ... 2-16-31-02 Еве ти линкче, тука се убаво ти е објаснето. Има договор што треба да потполниш и потпишеш дека си корисник на студенскја стипендија, да го ископирас во три примерока од кои два се за во МОН а еден за тебе и да ископираш трансакциона на твое име и тоа да го пратиш по пошта на адресата на МОН.
А за тие што не сме во листата за стипендија, до кога треба да се поднесе жалба? Дали треба да чекаме официјално да ни испратат на адреса дека не добивме? На нашиот факултет речиси никој не доби стипендија, и сите тие ми викаат дека било џабе да се поднесува жалба, ама јас пак би поднела, и министерството ми е блиску и ништо не губам ако ја поднесам жалбата.
Некоја феминка овде пиша дека на информатичарите и на оние од тип А им биле пуштени по 4 рати. Има некоја девојка да го потврди тоа?
Јас земам тип А, но се уште ми немаат стигнато пари, изгледа е до банката бидејќи минатата година во некои банки стигнаа 3-4 дена подоцна Јас мислам дека не губиш ништо со тоа што ќе поднесеш жалба, минатата година многумина поднесоа жалби и добија стипендија. До душа, на повеќето им дадоа од тип В, ама дај шта даш
вака да си прашам сега јас. го испратив договорот ама датум не напишав. дали ќе ми направат некаков проблем?
Благодарам... А во рок од колку дена по објавувањето на резултатите може да се поднесе жалба? Дали ќе биде доцна идната недела, на пример?