Нема да биде касно, затоа што најпрво треба да почекаш да ти стаса решението од МОН на домашна адреса, со причината поради која те одбиле, а потоа на основа на тоа што го пишува таму си поднесуваш приговор. Стварно не ми е јасно на што ќе се жалите сега, кога не ја ни знаете причината за што ве одбиле, со што ќе го потполните приговорот (со ме нема на список), размислете многу е логично. И јас лани бев одбиена, поднесов приговор од како ми стаса решението на домашна адреса, а добив и повратен одговор. Среќно на сите!!!
девојки приговорот треба рачно да биде напишан? или може и на ком? дали нешто се плаќа за приговорот и да не знаете колку приговори можат отприлика да прифатат?мене ме одбија па ќе си ја пробам среќата со приговорот посекако немам што да изгубам.Што се однесува до решението од МОН ,минатата година братучедка ми беше одбиена за стипендија па не добила никакво писмо,најубаво е да се јавиме и да прашаме до кога може да се испрати жалбата
Не треба рачно да е напишан, ама и да е рачно нема врска.А навистина како што кажа една од феминките , на што ќе приговараш ако не го знаеш образложението? Почекај прво да ти стигне Решение за одбивање, па потоа приговарај.
А што може да пишува.. Не ги исполнувате условите и тоа ..Зарем на сите што ги одбиле посебно ќе им праќаат образложенија ? Не верувам
На секое Решение го пишува и образложението т.е. кој услов не го исполнува кандидатот, барем така беше лани.
Така ќе биде и оваа година..бев неколку пати да прашам за тој приговор во МОН и постојано истиот одговор...чекајте го решението па после приговор...за тоа дали печатено или рачно мислам дека ист ефект имаш и со тоа и со тоа сепак приговор си е приговор.... Во решението ќе има наведено колку поени ти доделиле, и причината поради која си одбиен и всушност во приговорот треба и да наведеш зошто си одбиен и зошто сметаш дека погрешно пресметале или во тој стил...барем јас така мислам Ај ако на некого од одбиените му дојде решението нека го сподели тоа тука да знаеме ориентационо кога да го чекаме Поздрав
да знам дека прво решение треба да стаса но ете на братучедка ми минатата година кога ја одбиле не и стасало дома решението.
Ни јас не напишав, бидејќи по некоја логика таму пишуваше датум на склучување на договорот а тоа сигурно не би било на датумот на кој ние го праќаме писмото =)
Пак јас да подосаѓам,знае ли некој дали се пуштени резултатите за средношколските стипендии? и ако се дајте линк јас и не се снаоѓам баш ..
Доколку на некому не му стасало решението на домашна адреса, проблемот или во пошта или во адреса нешто така. Нема шанси од МОН да не испратат решение, секогаш стасуваат и тоа во исто време кај сите може со мала разлика неколку дена. Зошто нив ништо не ги чини да испратат, понатаму може колку сакаш да се жалиш ако тие решиле да не ти дадат така и ќе биде, зборувам од лично искуство!!!
епа на некого ако му дојде решението дома, зборувам за тие одбиените нека пишат..сепак сметам дека треба да си помогнеме меѓу себе
за тие шо се Б од старите ,шо продолжувавме ,дали има некој абер за пари ,исплатија за А ,за информатичари ,а за нас???