Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Студентски стипендии

Дискусија во 'Образование' започната од Em4ence, 25 февруари 2010.

  1. Jewel

    Jewel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    144
    Логиката ти е добра, ама да, мртва сериозна сум дека порано од тоа нема да има одговори од приговорите. Да се држеа од МОН до логиката до сега 7 рати од новите ќе беа исплатени, а немаше уште да се чекаат договорите да стигнат на домашна адреса, и тоа за стипендии за учебна година која за два месеца завршува.
     
  2. ElenaRbd

    ElenaRbd Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    162
  3. aquarius34

    aquarius34 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    99
    Женски да не има нешто ново во врска со стипендиите од лани? Немам банкомат во близина, немам проверено... :lol: Кажувајте ако салдото на вашата сметка е зголемено! :D
     
  4. Ognenija

    Ognenija Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2012
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    586
    Девојки јас сум уште средно но би сакала да знам како одат работите со стипендиите на факулет.
    Ме интересира дали треба да имаш одреден успех за да земеш стипендија или..? :?:
    Некаде прочитав дека ако родителите имаат поголеми примања нема да можеш да земеш ова точно е? И ако е, тогаш колку треба да бидат максималните примања на родителите за да земеш стипендија?
    За сите факултети исти ли се стипендиите или за некој се поголеми а за други помали?

    Многу ке бидам благодарна ако некој ми ги објасни работиве. :)
     
  5. carazoreli

    carazoreli Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    10
    Има три типа на стипендија ( А- 4000 денари, Б- 3000 денари и В - чинам 2500 денари за месец).Тип А е за студенти со висок просек (висок е релативна категорија и зависи од тоа на кој факултет си запишана). Во зависност од видот на стипендија варира и тоа колку примањата на родителите влијаат врз шансите.
    За сите факултети се исти стипендиите но ако си на технички факултет, ти треба помал успех за да добиеш стипендија.Плус, има една стипендија што ја даваат само на информатичари и мислам дека е околу 5000 денари. Ова само вака набрзина го пишав, за дополнителни информации, прашај си пак :)
     
  6. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    А ако јас учам многу. еве да кажеме имам просек 9 и нешто, но моите немаат мали примања, средни да кажам, имам некаква шанса за стипендија?
     
  7. lepa.milena

    lepa.milena Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2011
    Пораки:
    346
    Допаѓања:
    161
    Јас со 9.70 просек, а моите родители со нормална плата, ама не добив стипендија. И за тип Б иако критериумот е за уметничките факултети да се има 8.50, јас видов со просек 8.20 личности што добија тип Б. А што пишува во конкурсот? Дека ако еден од условите не е исполнет, не се ни разгледуваат документите? Па значи, не е баш така. Јас и покрај сите услови и 9.70 просек, а аплицирав за тип А и Б, ми беше одбиена стипендијата, а со многу „сиромашно“ образложение, а не ни наведоа на кој сегмент сум изгубила поени. Поднесов приговор, и уште ништо од тоа.
     
  8. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    На кој факултет си , ако не е тајна?
     
  9. lepa.milena

    lepa.milena Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2011
    Пораки:
    346
    Допаѓања:
    161
    Музички
     
  10. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Абе знаеш секогаш има нефер работи. Јас сакам да се запишам на ПМФ, што мислиш ќе имам таму шанси? И кога се аплицира мора да се наведе за која стипендија аплицираш?
     
  11. Jewel

    Jewel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    144
    ^ Кога аплицираш мора да наведеш за која аплицираш, ама доброто е што можеш за двете да аплицираш. Иначе за техничките факултети се бара понизок просек, за тип А 8.5, а за тип Б 8.0. За шанси од сега не може да се каже, ќе знаеш кога ќе имаш просек и сама ќе видиш дали имаш и за која имаш.
     
  12. help.me

    help.me Активен член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Здраво , електронски аплицирав за стипендија В , ме интересира дали некој знае од прилика како се пресметуваат бодовите во врска со материјалната состојба , сакам да си напраам некоја груба пресметка да видам какви ми се шансите . :^)
     
  13. nedzma

    nedzma Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    A, дали има некој информација кога ќе стигнат парите од стипендијата од оваа година првпат што аплициравме?
     
  14. TheKiketoo

    TheKiketoo Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    883
    Стигнати се, мислам дека денес ги пуштија :)
     
    На nedzma му/ѝ се допаѓа ова.
  15. macole

    macole Активен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    14
    Знае ли некој дали има распишан конкурс за бранење на магистарски труд? Јас разбрав дека вракале околу 20000 денари, ако постои такво нешто каде да се обратам?
     
  16. Jewel

    Jewel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    144
    ^ Тоа е еднократна помош за изработка на магистерски труд и за неа не се распишува конкурс туку пред да ја браниш семинарската се носат некои документи во Министерство за образование и наука (во некоја друга тема на форумов ги пишав, мислам дека за постдипломски студии, сега ич не се сеќавам што требаше). Како што ми кажаа мене комисијата се состанува еднаш годишно и донесува одлуки, ама веќе година ипол ни трага ни глас од каква било одлука за тие што поднеле барање.
     
  17. JovanaAvramovska

    JovanaAvramovska Активен член

    Се зачлени на:
    27 април 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Дали некој вадел уверение за остварени приходи од ујп? На моја другарка и рекле дека не може да извади за 2011, само за 2010.
     
  18. travel-in-the-blood

    travel-in-the-blood Активен член

    Се зачлени на:
    27 април 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Ако знае некој нека пиши до кога најкасно (од прилика според ланските исплати) ќе бидат префрлени парите за останатите 5 месеци вклучувајќи го и мај и јуни?
     
  19. Em4e711

    Em4e711 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    386
    Точно ли е дека на тие од Sparkasse банката им ги исплатиле стипендиите од новите корисници на тип В?
     
  20. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.460
    Допаѓања:
    22.952
    Пол:
    Женски
    Епа а им ги исплатија ли парите на новите корисници од А и Б тип? Па сега стигнале до В...
    Имате некоја информација за тие што сме лански корисници, кога ќе ни ги исплатат останатите 5 рати?