Хепи, сигурно ќе можеме да се пријавиме во категорија Б? Зашто јас слушнав некој кажа дека штом имаш над 9 просек, мораш во А. Ама глупости, секој си зборува по свое, мора да може. Па дај нека објаснат овие од Министерство подетално, аман.
Мене ми рекоа да се пријавам во Б категорија затоа што има многу студенти со просек 10, 9.8... и тие се оние талентираните.А плус од А категорија даваат само 170 стипендии и сигурно јас нема да влезам во тие со 9.125.Нема врска што и јас имам просек над 9,секако можам да се пријавам во Б категоријата.
јас сум на приватен универзитет и имам просек 9,75 а во категорија А даваат само 30 стипендии, а во Б мислам дека околу 170 и сега незнам што да правам, а во министертсвото викаат дека ако има слободни еста во категорија Б ќе те префрлат таму,а сигурно ќе нема, страв ми е дА не останам на ништо
Mоже некој да ми објасни дали треба да се земат уплатници и да се уплати во банка одредена сума пари на сметка на факултетот за да се земе уверение за положени испити? некои колешки кажуваа дека мора прво да се уплати, а на страната на министерство пишува вака: "Ова уверение е ослободено од такса врз основа на член 22, точките 13, 25, 28 и 31, од Основниот закон за административни такси." сакам да прашам и за државјанството дали треба да биде заверено на нотар? има некој информации за ова? благодарам
ДА има стипендии за средно,но ретко кој слушнал за тоа.Јас дури кога поднесував документи за студентска стипендија дознав дека имало и стипендии за во средно.
да секако http://www.mon.gov.mk/index.php?option= ... Itemid=144 ова е линк од страната за стипендии по информатика кликни кај што пишува тука: Уверение со бројот на предвидените и положени испити од претходните години, заверен образец “УППИ” во форма и содржина објавена тука. На конкурсот за сите студенти сеуште не е објавено уверението, го пишува само ова: Уверение со бројот на предвидените и положени испити од претходните години, заверен образец “УППИ” во форма и содржина објавена на интернет порталот http://mon.gov.mk; Според мене ако уверението е бесплатно за тие што ќе конкурираат за информатичката стипендија, тогаш треба да е бесплатно и за сите други студенти чекам ваш одговор дали има некој информации. поздрав
Феминки јас сакам да ве прашам за уверението што треба да се земе од Управа за јавни прихови и потврдата од Завод дали ќе можам јас со лични карти од моите да ги земам или мора лично тие да одат?
Уверение од УЈП е семејно материјанлно така ли ? Тоа што го имаме на наше име,пр. куќа,дуќан,кола,лични примања(ние кандитатите) и родителите?
Не сакам да те лажам,но навистина не знам ништо за тоа,знам само дека има.Тогаш веќе не ми беше потребна таква стипендија и воопшто не се заинтересирав.Најдобро ќе биде да отвориш на страницата на МОН и таму да побараш повеќе информации (ако има).
Има може конкурсот веќе и да е излезен ако не е очекувај овие денови на страната за мон. И за разговоров за дали да аплицирате на 2 вида стипендии, вие си знаете,не морате, ама знам дека може, и треба да си прашате некој од одделението за стипендии.
Кај нас секретарката уште одамна ја прашував кажа дека тоа уверението за положени испити се уплака на уплатница на сметка на факултетот и тоа 400 ден мислам или 500 . Тоа е за да земеш мора да дадеш првин....
Девојче, мислев дали да пишам повторно тука, но или погрешна личност имаш прашано, или знаеш дека може но сакаш да си ја намалиш конкуренцијата Значи не може да примаш повеќе од еден вид, но да аплицираш никој неможе да ти забрани и на 10 места ако можеш и ако сакаш. Не би дала погрешна информација ако не сум 100 % сигурна.
Ниту имам прашано погрешна личност ниту пак сакам да ја намалам конкуренцијата, не зборувај напразно кога не знаеш А уште помалку пак нема да се замарам да ширам дезинформации. Ама на крајот, кој како сака нека си аплицира, со среќа на сите
А можеби ти треба да се информираш подобро.Не знам што ти е целта,но и јас прашав.Аплицирање за два вида стипендии не е можно и јас бев дирекно во министерството и тека ми кажаа. И што сега грешки во системо
ја потполни некој електронската пријава??? мене ми вика поради технички проблеми пробајте утре, ај има време до 12 декември..јас сеуште се мислам дали да аплицирам во тип А затоа што само 30 стипендии доделуваат а верувам дека 20 се веќе наместени
Дечки, дај ве молам некој кој веќе ја има пополнето електронската пријава нека ми каже што се се бара во неа? Дали примањата од УЈП, државјанството...оти јас ништо од тоа уште немам извадено. И некој ако знае веќе, некој што извадил документи, да ми каже од работното место на родителите, само за месец септември ли се зема платата, или за сите 3 последни месеци. Ве молам одговорете ми бидејќи морам да знам, за да не ме врнат од МОН