Девојки, ако сакам да се вработам преку лето и ако работодавецот ме осигура, дали ќе ја изгубам стипендијата? Има ли некое правило или слободно можам некоја работа сезонски да си работам? Дали некоја од вас работи и истовремено зема стипендија? Благодарам однапред.
Луѓе ништо ли нема уште за стипендиите за корисниците од лани што сме? Нели ги пуштија парите во трезорот? Како не....
.. јас сега завршувам 1 година на економски факултет може ли некој да ми каже што како оди со стипендииве со колку просек би можела да зимам стипендија и одприлика кога се конкурсите ?
Дали некој што студира на приватен универзитет зема/земал стипендија? Ако да, нека пише, имам неколку прашања. Благодарам
Некаде одлучува просекот, на пр. на државните универзитети треба да ти биде 8. А стипендиите низ странство понекогаш не зависат од просекот туку од препораката на професорите или некое друго стручно лице, но исто многу значи и мотивационото писмо кое самата треба да го осмислиш.
Јас сега завршувам 3та год. средно.После 4та,за стипендија ќе ми биде земен просекот од средно така ?Оф леле бре ништо не сфаќам во врска со ова,ај ако сакаш да ми објасниш малце подетално...Благодарам однапред
За да земаш стипендија треба да имаш добар просек ( кај мене на гоце делчев треба да имаш 8,5 просек за Б стипендија, значи треба да ти биде исчистена 1 година (1 и 2 семестар) и + 3 семестар од 2ра година. ) Е сега на сите факултети е различно, зависи за кој факултет каков просек се бара. Ти само учи си, имај добри оцени па потоа мисли ја за стипендија Позз се надевам помогнан некако
mim1 кога ќе го завршиш средното училиште и ќе се запишеш на факултет можеш да конкурираш за стипендија. Условот е просекот од оценките добиени при полагање на исптите од прва година ти биде 8,5. За да продолжиш да ја добиваш таа стипендија треба и останатите години да го одржуваш тој просек - ти можеш 1-2 испит а да положиш и со 6-ка но ако другите неколку си ги положила со 9-ка или 10-ка на крај просекот ако биде минимум 8,5 стипендијата ти останува. Во Македонија студентските стипендии иако се наменети за секој месец да се добиваат, редовно доцнат по пола година па и цела година. Еве и линк со објаснувања што е тоа стипендија: http://www.stipendija.com.mk/zastip.php Постои можност исто така да конкурираш за стипендија за студирање во странство. На пр. низ европските универзитети или на тие низ САД, Австралија и тн. Тие стипендии можат да бидат поразлични, на пр. они тебе не ти даваат директно пари туку ти овозможуваат делумно или целосно бесплатни студии во САД или ЕУ, понекогаш и со бесплатно сместување во кампусот(комплекс студентски домови , мензи, понекогаш и предавални). За различни стипендии различни се условите, зависи кој ти ја дава. На пр. и македонското министерство за образование и наука(МОН) доделува стипендии за студирање низ странство но под услов откако ќе се комплетира сè успешно, да се вратиш во Македонија и да работиш наредните 3-4 год. Во спротивно треба да ги вратиш сите пари. Потоа постои можност на пр. додека си студентка во Македонија да конкурираш во странство на едногодишен или полугодишен престој (на пр. преку Еразмус програмата за студентска размена) што значи и бесплатна школарина тие неколку месеци, бесплатно сместување, понекогаш бесплатна храна во мензата и некаков мал џепарлак. http://www.fundingusstudy.org/
^ Една мала поправка за Еразмус програмата. Стипендијата изнесува 300 евра месечно со кои сами треба да си најдете сместување и со истите да се снајдете за храна и се останато, освен школарината која е платена. Во западноевропските држави со тие пари едвај може да се најде пристојно сместување, далеку од тоа дека има и за сместување и храна и џепарлак, но сепак е одлична шанса за напредување и со колку толку финансиска помош
На страната на Министерство за образование и наука, www.mon.gov.mk. Таму ќе биде ставен линк за пополнување на електронска пријава кога ќе се отвори конкурсот следната учебна година. П.С. Да не знае некој дали ќе ги исплатат останатите рати пред одмориве или од септември натака?
Луѓе, зарем нема ништо ново во врска со останатите 5 рати од стипендијата? За тие што сме лански корисници.. Летото нема да пуштат нешто?