Да не се јавил случајно некој во МОН да праша дали ќе има стипендии летово или здравје од септември да чекаме? Каква било информација е добредојдена
Лани почетокот на јуни ги исплатија сите рати ако не се лажам и не беше вака како годинава на два пати, него по две -три наеднаш. А пред минатата година последните рати мислам три, во септември ни ги доиспатија. Тоа е Силна Држава!
Јас се јавив вчера и рекоа дека се пуштени парите од нивна страна, ама демек треба да се чека од министерство за финасии зошто тие располагале со буџетот и се зависело од тоа колку пари има државата.
Да, никој не сака да си ја има мувата на капата тоа е нормално. И кога че има пари во каса? Ете сега на земјоделците ќе му ги исплаќаат а беше кажано дека сите пари од минатата година треба да ги исплатат до крајов на јуни. Ај имаме уште 10 дена, ако барем пуштат нека ги пуштат сите да не не зафркаваат повеќе.
има има има има ................за страите типови. Кога на едни им пуштија ќе пуштат и за новите. Бидете трпеливи.
Девојки, уплатиле 4 рати од годинава тип А Тоа значи до сега се исплатени 8, останува уште една што и не ми е баш логично, ама со здравје да си ги трошите и овие
Земам стипендоија под Б, а годинава остварив поголем просек што одговара и под А. Ме интересира дали можам оваа година пак да конкурирам, или претходно треба да го раскинам договорот што го имам за оваа ?
Пале извини што ти враќам касно ама сега видов Мислев на тие што лани прв пат земаа. Можеш да конкурираш пак за А па ако ти одобрат тогаш ќе поднесеш молба да ти го раскинат договорот за под Б со цел да го потпишеш за А. Со среќа
А нели во апликацијата на нет, пополнувам поле „ Дали сте корисник на друга стипендија “, и ако пишам Не ќе испадне после дека погрешно пополнувам, ако напишам да, автоматски нема да ме рангираат. Или не водат до толку евиденција ? Патем, знаеш за ваков случај, или...? Фала.
Друга стипендија се однесува на стипендија од друго место и не лажеш затоа што во моментот немаш потпишано два договора а и ако ја добиеш стипендијата под А прво ќе го раскинеш договорот под Б. Знам друг таков случај, јас