На Филозофски на УКИМ лани 10те најдобро рангирани кандидати добиле стипендија.. да не знаете дали и оваа година ќе има? и дали било само за филозофски?
Во декември се носеа документите, а конкурсот мислам дека излезе порано, некаде ноември месец. Во секој случај од септември па натаму следи на страната на МОН, во делот конкурси.
Дали може тип В стипендијата (таа за социјални случаеви) да ја зема некој кој е дете на самохран родител, но ако е вработен родителот??
http://www.fakulteti.mk/news/12-08-15/k ... endii.aspx Линк до конкурсот за студентите на Бизнис Академијата Смилевски БАС, за дисперзирано одделение во Струмица.
има ли некој стипендија тип А а да е запишан на општествени науки и со каков просек ја добил, со колку бода. Имам просек 9,5 па сакам да знам одприлика какви ми се шансите секое мислење, совет, искуство е добродојдено
можи и кај мене да пишите не е на одмет само мене ми треба конкурсот за информатичката ... колку шо прочитав низ темва тој излага порано од овој за обичните стипендии или ?
Баш гледав, лани конкурсот за стипендии бил излезен на 11 Ноември, а да тој за студентите на информатика порано излегува.
Девојки, јас завршив прва година на медицина и просекот ми беше 9,36. Кога ќе излези конкурсот, Боже здравје, за кој тип на стипендија треба да конкурирам?
мислам дека можиш за сите 3. А,Б и В ама доколку добиеш поќе од една да ги откажиш останатите да задржиш само една
Да ве прашам вас,што земате стипендија било тип А,Б или В,дали ви беше целата исплатена? Јас земам тип В и првиот пат ми испратија 10000 ден.,и сега во август исто 10 000 ден.,а требаше 12 500 ден.,што значи една рата помалку.Дали тоа е некоја грешка само кај мене или не? Исто така,ако некоја од вас аплицирала/планира да аплицира за стипендијата на Алкалоид,да ми каже отприлика кога излегува конкурсот,колку луѓе ја добиваат,кој е просекот со кој се добива и слични информации.Фала ви многу
Ќе поднесеш и за А и за Б, ама оригинарл документите ќе ги однесеш за стипендијата под А, а копиите за под Б. Ма да не се соменевам дека ќе добиеш под А, бидејќи имаш висок просек а и медицинските, техничките и природните науки имаат предност пред другите. За под А, мала улога игра и финансиската состојба, па ако родителите твои не се некои директори, тогаш сигурно добиваш. Не си само ти, еве и на другарка ми не и ги исплатија сите, т.е една рата фали. Кога - тогаш ќе ви ја пуштат, без паника
На Стопанска ја исплатија целата, велат дека на сите други банки освен на Тутунска, е исплатена. Стигнаа по 10 000, па после десетина дена уште 2500.