А која година си, валјда не си прва. Јас коа прашав мене ми кажаа дека новата цена се однесува само на тие што се прва година, а дека за нас си е повторно 300.
Женски студирам на пмф, просекот ми е 8,8 што значи за нашиот факултет, го факам просекот и за стипендија тип а и за тип б. Ми рекоа да конкурирам за двете во случај да не ми ја одобрат тип а, ке ја имам тип б, да не одам само на тип а вака ми е посигурно. Е сега ме интересира во случај да ми ги одобрат двете како се поднесува барање за да ја укинат едната? и што документи да спремам? Не сакам да чекам конкурсот кога ке излезе па тогаш да бркам работа по документи, сакам сега да средам. Ако може нека ме контактира некој по лп
Значи за ова уверениево на сите факултети различно кажуваат. Мене ми кажаа исто како на Vodolijata, дека 500 ќе плаќаат оние кои се сега прва. Јас сум втора и платив 300. На братучедка ми пак која е трета на филолошки и рекле дека 500 плаќаат сите
Не се секирај, не може да ти ги одобрат двете. Самиот систем не дозволува да излезеш на двата списока. Ако ти одобрат под А автоматски ќе те нема во списокот за одобрени стипендии под Б Со среќа!
Дали некој што веќе зема стипендија тип В може да пише кои документи треба да се носат? И за ваучерите од министерство за информатика да прашам, дали може да аплицираат само апсолвенти или сите студенти?
Значи имам право да конкурирам за двете така? Денес ми рекоа дека ми е подобро да земам тип б, заради покасно да имам право во втора ама не разбрав што сакаше да ми каже девојчето и дојде автобус и си замина, знае некој каква врска има? и да прашам, прочитав во потребни документи дека треба доколку родителот не е вработен да донесе потврда од завод за невработени, татко ми е вработен, ама мајка ми не е, е сеа проблемот е што не е пријавена, беше едно време ама веќе не е, и сеа? Мора за двата родитела потврда дали е вработен односно невработен?
А ова со положени испити како оди , мора да се сите положени, или не е битно, важно е да имаш просек или?
^ Да да, имаш право да поднесеш за двете. Во случај не дај боже да те одбијат за двете, догодина пак ќе имаш право за двете, нема врска тоа, нема да ти одземе никакво право. Во врска со документите, да- ако имаш невработен родител мора да приложиш потврда од завод. Е сега, во случај да не може никако да извади, пробај со лична изјава заверена од нотар. Молика, мора 90% од испитите да ти се положени.
Нема стипендии за постдипломски. До пред некоја година имаше еднократна помош за изработка на магистерски труд од околу 20 000 денари, ама ја укинаа и таа, дури не им ја исплатија ни на тие што им ги примија документите, поднесени пред 2-3 години.
Stipendii Dali nekoj znae koga ke izleze konkursot za stipendii za 2012 godina ? Mislam deka godinava ja preteraa .... Minatata godina bese izlezen kon oktomvri a zakazanite termini bea veke od sredinata na dekemvri ...
Stipendii Лани испаднал на 14ти ноември, годинава е 16ти и уште го нема, не претерале до толку, нели ... Ќе испадне, не бегаат. Секако дури во јануари/февруари испаѓаат списоците... А ако продолжуваш стипендија, веќе ти е испаднат...
Stipendii Луѓе зошто ви е конкурс за продолжување на стипендиите? Во договорите од лани убаво си пишува до кога најкасно треба да си ја продолжите. За тип А и тип Б беше до 31 октомври, а за тип В е сега до 30 ноември. Одиш, носиш документи и автоматски ја продолжуваш. Нема никакви конкурси, никакви закажувања
Оффф знам дека братучетка ми зимаше 4500 на постдипломски кога беше некаде 2010 ми се чини ама ги укинале а
Јас се извинувам што се мешам тука во стипендиите но не можев да најдам соодветна тема. Прашувам за ваучерите за компјутери. Покрај уверението за редовен студент и изештај од УЈП требало да се достави и некоја молба, која наводно ја имало на страната на министерството за информатичко општество. Истата ја барам ама никако не можам да ја најдам. Дали би можеле да ми помогнете, ако некоја знае каде е би ја замолила да го постави линкот. Ви благодарам
Вака јас имам просек 7.9 може ли да аплицирам за најниската стипендија, дали таа е само за социјални слцаеви, бидејки моите зимаат нормална плата?