ќе ти го дадат тоа барањето на факултет, прашај во студентски прашања. мене барем на факултет ми ја даде одговорниот професор за тоа и внимавај со себе да носиш лична карта и индекс е ти треба бројот од личната карта за во барањето и за увид ми ги побара мене тој професорот all the best
Добро луѓе, во мене ли е проблемот, јас не гледам добро или гледам на погрешно место или уште нема конкурс? Зарем не е малце касно веќе?
Може ли некој од прилика да ми објасни како да стасам од автобуска до МОН? И кој автобус оди од МОН до Кузман студентскиот? Општи прашања гледам дека е заклучена па затоа тука прашав
гугл мапс многу корисна работа е али пошо јас сум тапа во просторна ориентација си земав другарче шо ме прошета од автобуска до МОН али не е мн далеку од автобуската за 10тина минути си таму. А за автобусите провери овде http://www.jsp.com.mk/VozenRed.aspx
Од МОН до Кузман не ти треба автобус, на 2 минутки се Не би ти објаснувала како да стигнеш оти може да те испобунам само, некој што е подобар во објаснување нека повели.
Можеш да аплицираш, а и големи се шансите да добиеш затоа што се работи за многу голем број на стипендии кои се доделуваат. Полани не само што им дадоа на сите што поднесоа, туку се отвори и втор конкурс само за таа зашто не беше исполнет целиот број. Лани исто така добија студенти со огромни примања, значи далеку од социјални случаи. Се зависи од конкуренцијата и колку ќе се пријават годинава, ама ништо не губиш ако пробаш.
извинете на офтопик али коа веќе почнавме со ваучерите тука да си прашам и јас доделуваат на сите што ќе аплицираат и ги исполнуваат условите (социјален случај / примања помали од 15 000 / лица со посебни потреби) или како ?
Девојки може ли да ми кажете што документи треба да соберам за да конкурирам за стипендија, сакам полека да ги спремам документите, се надевам дека веќе конечно ќе излези тој конкурсот.. И дали ако сакам да аплицирам за два типа треба да имам дупли документи?
^ Ти требаат потврда за редовен студент, уверение за положени испити и индекс на увид, потврда од УЈП за остварени приходи од последната година за сите членови на семејството, доколку имаш некој невработен- потврда од Завод за вработување и кога ќе излезе конкурсот се принтаат неколку изјави (дека информациите кои ги даваш се точни, дека не земаш стипендија од друго место и уште некоја), ама тие само ќе си ги испринташ и пополниш, нема некои процедури околу нив. Ако аплицираш за два типа. да- ти требаат дупли документи.
^па не треба да почекаш одкако ке се пријавиш електронски да видиш која стипендија ти е одобрена па тогаш да однесеш документи? Прашувам пошо јас сакам да аплицирам за двете. Треба и државјанство нели? може постаро од 6 месеци, ама дали може копија? заред ако требаат дупли документи две оргинални државјанства да дадам?
Извини ама јас поима немам што и како иде, и сега те читам електронски... Каде треба да се пријави електронски, и дали тоа пријавување е пред да излезе конкурсот? И второ, ако знаете да ми кажете, каква стипендија следи за општествени науки,просек 8.7? Ви благодарам однапред.
незнам дали е соодветна темава, али да прашам.. за ваучерите за компјутери, освен молба, потврда за редовен студент, копија од државјанство, потврда од ујп, нешто др треба?
Ај и тука ќе прашам. Дали важат овие ваучери за студенти на постдипломски студии? Една другарка сега е на постдипломски, праша во министерството и кажале дека се однесува за студенти на високообразовни установи. И ај сега? Дали знае некој??