која е постапката за вадење уверение за положени испити? треба да се чека многу? колку ќе ме кошта, прочитав дека околу 500 денари. точно е?
Ве молам да ми каже некој дали уверението за државјанство мора да биде не постаро од 6 месеци или и постарото може да ми заврши работа?
А дали копијата од уверение за државјанство треба да биде заверено на нотар? (некои колеги и тоа го правеле)... И уште нешто, во врска со декларацијата за примена плата, татко ми работи во поголема фирма (700 вработени-една од тие што беа државни па ја приватизираа) и ми дадоа само потврда за примена плата но не и декларација, е сега, да не е тоа за некои мали приватно фирми или???
Не, нема потреба да биде заверенокај нотар. А во врска со декларации и потврди, немам појма... Јас знам дека јас никогаш немам носено никаква декларација, само потврди.
Благодарам DAngel! Незнам што да правам во врска со декларацијата, да не ми направат проблем баш за тоа Некој друг со сличен проблем ако може да ми се обрати за помош
Каде точно се тие простории на Министерството во Кузман студентскиот некој ако знае? И дали е можнп, пример ако имам закажано за 27, да отидам 2 дена порано.. ќе има проблеми?
Штом ќе влезеш во студентскиот одма од лева страна се просториите, а и нема да утнеш кога ќе има гужва нема шанси да незнаеш каде се зш редот е до влезната врата иначе незнам дали би имала проблем зш не ни гледаат кога ти е закажаното (барем кај мене тоа не видов ни да го погледнаа) ама најубаво отиди си кога ти е закажаниот термин за да не ти биде џабе одењето ако прават некои проблеми
Девојки јас денес ги однесов документите, и ми дадоа некои си бројчиња. За што ми се? Ги прашав и ми рекоа епа дека си ги предала документите. Треба да ги чувам или? И нема врска тоа закажувањето демек да не се правело гужва ама денес јас се убив од чекање башка влагаат кој како сака, и се деси инцидент имаше една ненормална што цело време и се намавнуваше на мајка и и на крај сите документи и ги расфрла во ходникот и си отиде греота мајка и ги собра и почна да трча по неа да ја стигне, ај се расприкажав и ја
Олку мачење, растрчување, збирање 329857873 документи, па во УЈП ти згрешиле презиме, па адреса, абе абе.. Не знам дали ми вредат нервозиве, кога и со 9.4 просек, 90% сум сигурна дека нема да добијам ништо. Па има премногу студенти со баран просек, а мое мислење малку стипендии. Аплицирав за двете, што биде нека биде. А ако не биде ништо од година не си ја ни тупам главата за поени, оценки, преполагања, просеци и сл. Ете така да си знаат! (им се налутив на уште неизлезени резултати)
На фб групата прочитав дека немало кај никој стигнато за тип Б, во ниедна банка. Оваа информација е од четвртокот. Инаку за тип А сигурно има за 3 месеци, затоа што сега проверив кај сестра ми, на Тутунска банка. Ама мислам и лани така беше, пуштија прво А, па потоа Б и В ако не се лажам.
За колку време после А ги пуштија Б и В лани, знае некој? Од старите мислам Новите, значи ланските мислам дека ги пуштија околу еден месец после А, а продолжените?
сакам да прашам дали треба да се вади ново уверение за положени ипсити, или тоа е тоа уверението што треба да се завери односно уппи образецот (што го има на нивната страна) ?? треба да носам во среда па ај ве молам за инфо
Треба да си платиш 500 денари на сметка на факултет и 50 ден административна такса и со тие уплатници си одиш на студентски, зимаш уверение го пополнуваш, и заедно со тоа образецот УПИ ги оставаш на студентски со се иднекс за да ти се потпише деканот, и обично уште утрето можеш да си го подигнеш.
која е разликата помеѓу кредит и стипендија? или се смета како исто? и ако може некој да ми каже која е постапката да поднесам документи за кредит?