Иако и во двата случаја се работи за добивање пари, разликата е огромна! Кредитот претставува позајмени пари кои задолжително треба подоцна да се вратат, на пр. откако ќе се завршат студиите. Додека стипендијата не треба да се враќа, т.е. на некој начин ти даваат „плата„ што студираш. Но за да се добие стипендија потребен е повисок просек кој треба да се одржува се до дипломирањето. Барањата се поднесуваат до министерството за образование и наука на РМ.
^ Мало дополнување, кредитот веќе е укинат и не постои, затоа постојат три типа на стипендии. Инаку додека постоеше не беше задолжително неговото враќање, туку само доколку не се исполнат определени услови, пр. ако дипломираш со понизок просек од предвидениот и слично.
Само на тие од А група ли пуштија неколку рати? Зборам за старите корисници, не за новите. Јас годинава 3 година по ред треба да земам стипендија од Б тип.
Некој дали знае дали има стипендии од министерство за втор циклус на студии, како што има за додипломски студии? Фала
Женски а тие стипендии што се со просек, не сум баш запознаена како одат, имам нешто слушнато дека со најмалку 8.5 просек се земало стипендија.. Како функционираат тие работи?
За Тип А бараат најмалку 9.0 или 8.5 за студенти на техничките факултети За Тип Б најмалку 8.5 или 8.0 за студенти на техничките факултети За Тип В најмалку 8.0 (ако се сеќавам убаво-нека ме поправи некој ако грешам)
За тип В не е потребен просек ( само да се положени 90 % од испитите), се гледа финансиската состојба на семејството. Не треба да има повеќе од 30000 ден вкупен приход во семејство.
Цветче, за жал доцна ти е да се интересираш за стипендии, процедурата за оваа академска година заврши. Ќе треба да чекаш дури за наредната.
Женски, денеска би требало да има резултати, така? Кој ќе види прв во теков на денов, ставајте тука линк.
Од каде информацијата дека денес ќе бидат објавени резултатите? А страната цел ден е недостапна, можеби ја ажурираат.