На конкурсот најдоле пишуваше, дека резултато ќе има на 5 февруари. и јас чекам ... едит едвај отворив кај 3 и пол и немаше никакви резултати, сега пак не ми ја отвара страната..
Ги има резултатите објавено, сега ги видов. одете на стипендии.мон.гов.мк резултати Инаку кој знае да ми каже како да се прати жалба или што и да е, имам просек од 8.8 на ПМФ сум, и ме нема ни во тип А ни тип Б. Како се подесува жалба?
Каде се доставува жалба, доколку ме нема на список? Жалбите се доставуваат до Комисијата, односно до архивата на Министерството за образование и наука, ул. Мито Хаџи-Василев Јасмин бб, 1000 Скопје, а исто така и на местата каде што се поднесуваат документите. ова е единственото нешто што го имам видено во врска со жалбите.. најверојатно сама ја пишуваш и ја носиш таму..
А успеа ли некој друг да ги отвори резултатите и воопшто страната stipendii.mon.gov.mk/ ?? Мене никако не ми успева.
Пред 1 час ми ја отвораше страната и имаше резултати ама од минатата година. Ај видете која година е напишана на првата страна од конкурсот дали 2011/2012 или 2012/2013
Обично и факултети.мк вадеа листа, ама гледам и таму нема ништо. А страната на Министерството уште не ја отвара.
Ако сеуште ги отвора резултатите кај тебе осигурај се дека се од оваа година, да не гледаш во старите, па затоа те нема?
И јас да ви се приклучам, ни мене не ми отвора. Сабајле ми ја отвораше страната најнормално, се си беше океј, сега ништо.
http://konkursi.mon.gov.mk/Rezultati.aspx Пратете пишува резултати 2012/2013, мене ми отвара .. а они да ти ги прикачиле резултатите од лани Неписмени значи, немам коментар
Кенди и Симонче мислам дека старите сте ги гледале списоци, полека, смирено... Ќе се збрлавам јас вака до вечер.
Дај некој нека им укажи на грешката, сите богами збрлавевме. Јас од сабајле само ја рефреширам страната без прекин..
Јас мислам дека за претрпениот стрес и шок поради старите списоци, треба на сите да ни ја одобрат стипендијата, како знак за извинување. Е така.
Не се објавени погрешни резултати. Само името на тој линк автоматски е сменето во 2012/2013. Исто беше и за информатичките стипендии. konkursi.mon.gov.mk веќе не се обновува за резултати. Ќе бидат објавени на stipendii.mon.gov.mk, пишуваше во соопштението кога го објавија конкурсот.