Па можда да ја отвораше страната stipendii.mon.gov.mk и се да беше регуларно немаше да има потреба да се потепуваме да бараме списоци и на други места.
Значи јас попиздев дома, не смееше некој да ми прозбори од што бев изнервирана Пцуев се што ке се најдеше околу мене, пошто јас дури и парите си ги испланирав како ке ги потрошам и кога ме нема на список Да не беше феминава незнам ни дали ке сватев дека се ланските, бев спремна жалби да пишувам, а мајка ми па решена женава ке се јавува лом да ги направи Сеа ми е смешно ама прееска скренав. Него карина не е проблем ако им стигнат жалби проблем е што мислам дека и жалбите се наплаќаат, колку што имав читано во темава, ако не си бил во право не ти ги вракаат парите кој си ги дал, абе лоповска работа
Нема ништо, не ја отвара страната, ај утре од сабајле ќе провериме, сега сите проверуваат и е оптеретена страната на мон
Ако некој уште се труди да ја отвори страната stipendii.mon.gov.mk, да ве информирам дека сабајле ја отворив и немаше никакви резултати, а сега пак е блокирана..
мене само овоа ми се отвори : Почитувани, резултатите од Тип В од Конкурсот за доделување стипендии на студенти запишани на додипломски студии од јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија за студиската 2010/2011 година се објавени на http://stipendii.mon.gov.mk но линкот не го отвара блокирано е
Еднаш да беше професионално и одговорно нешто во нашата државичка, и да беше исполнето ветувањето на време. На 5ти ќе објавиме, и ништо нема, ниту некое образложение кога ќе се објави.. ма ништо. Ќе се нервира некој и ќе проверува, дека ние немаме друга работа. Ако реши министерот да ги потпише, пишете тука. Не се замарам да проверувам, досадни се веќе
кај мене преска ја отвори и имаше резултати, само немаше за тип В, ама до после сигурно и тие ќе ги објават
e-konkursi.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=1651%3Arezultatit-od-konkursot-za-stipendii&catid=23&Itemid=140 еве тука има и се отвара
Некој да ми објасни КАКО СО ПРОСЕК 6.5 зимаат стипендија?!!! Што е со образованиево бе? 6.5 значи сите 6, т.е по наше најнајнајслабо. И они зимаат стипендии?! нели Б беше од 8.5-8.0 а не 6.0